Репертоар

Events Calendar

Ифигенија за ништо - ПРЕТПРЕМИЕРА
Петок, 04 Април 2025, 20:00

 

Ifigenija ZA VEB1

Адаптација по текст и режија на Филип Петковски

Кореографија и адаптација: Филип Петковски

Асистент на режисерот: Антонија Белазелковска

 

Улоги:

АГАМЕМНОН: Димитрија Доксевски  

МЕНЕЛАЈ: Филип Трајковиќ

КЛИТЕМНЕСТРА: Јелена Жугиќ  

ИФИГЕНИЈА: Нина Елзесер  

АХИЛ: Стефан Вујисиќ  

АРТЕМИДА: Сара Климоска  

ОРЕСТ: Марјан Наумов  

ДЕЧКОТО/СВЕТИОТ ЕЛЕН: Томислав Давидовски

ХОР:  Ивана Павлаковиќ

           Ања Митиќ

           Јована Спасиќ

           Александра Павлова Бубања

           Јована Миладинова

 

Времетраење: 120 минути

Претставата не се препорачува за лица под 16 години.

купи билет

 

Сценографија: Мартин Манев
Kостимографија: Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска
Дизајнери на светло: Филип Петковски и Мартин Манев
Дизајн и аранжман на музиката: Давид Николовски
Камерман и фотограф: Марко Марјановиќ
Дизајн на постер: Давид Николовски
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Милка Анчевска

„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високи цели“. Базирана на „Ифигенија во Авлида“ и митот за убиството на светиот елен на божицата Артемида, оваа постановка користи елементи од физичкиот и танцовиот театар. Додека трагедијата на Еврипид ја истражува немоќта на човекот пред волјата на боговите, оваа адаптација става акцент на симболиката на смртта на Ифигенија како последица, не само на воените амбиции на нејзиниот татко, туку и на пошироките механизми на политичката корупција и националистичките идеологии. Оваа продукција се се служи со фрагментација, танц, физичко дејство и создавање слики. Ова е театарска претстава ослободена од наратив. Театар каде јазикот не доминира. Театар кој можеби и не сака да биде „разбран“, туку да биде просведочен, почувствуван и доживеан. Нашата Ифигенија живее во зоната на непријатност. Таа е девојка која ги живее последните денови од својот живот. Тело што одбива да престане да се движи. Нејзината смрт не е возвишена ниту херојска — таа е производ на семејна манипулација и инструментализирана патриотска реторика. Убиена без љубов и емпатија, нејзиното страдање станува симбол на начините на кои системите на моќ ги користат човечките животи за лична и колективна добивка. Таа не умира за нешто, туку за ништо, па така станува дел од еден поголем општествен механизам кој ја проголтува поединечната волја и ја заменува со идеолошка дисциплина.
Април
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Огласи