Репертоар

Events Calendar

Ифигенија за ништо - ПРЕМИЕРА
Сабота, 05 Април 2025, 20:00

Адаптација по текст и режија на Филип Петковски

 

Кореографија и адаптација: Филип Петковски

Асистент на режисерот: Антонија Белазелковска

 

Улоги:

АГАМЕМНОН: Димитрија Доксевски  

МЕНЕЛАЈ: Филип Трајковиќ

КЛИТЕМНЕСТРА: Јелена Жугиќ  

ИФИГЕНИЈА: Нина Елзесер  

АХИЛ: Стефан Вујисиќ  

АРТЕМИДА: Сара Климоска  

ОРЕСТ: Марјан Наумов  

ДЕЧКОТО/СВЕТИОТ ЕЛЕН: Томислав Давидовски

ХОР:  Ивана Павлаковиќ

           Ања Митиќ

           Јована Спасиќ

           Александра Павлова Бубања

           Јована Миладинова

 

Времетраење: 120 минути

Претставата не се препорачува за лица под 16 години.

 

Сценографија: Мартин Манев
Kостимографија: Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска
Дизајнери на светло: Филип Петковски и Мартин Манев
Дизајн и аранжман на музиката: Давид Николовски
Камерман и фотограф: Марко Марјановиќ
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Милка Анчевска

„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и на семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високите цели“. Базирана на „Ифигенија во Авлида“ и митот за убиството на светиот елен на божицата Артемида, оваа постановка користи елементи од физичкиот и танцовиот театар, создавајќи современ перформативен вокабулар што ги рефлектира стравовите, насилствата и апсурдите на денешното време. Додека трагедијата на Еврипид ја истражува немоќта на човекот пред волјата на боговите, оваа адаптација става акцент на симболиката на смртта на Ифигенија како последица не само на воените амбиции на нејзиниот татко туку и на пошироките механизми на политичка корупција и националистички идеологии. Нејзината смрт не е возвишена ниту херојска — таа е производ на семејна манипулација и инструментализирана патриотска реторика. Убиена без љубов и емпатија, нејзиното страдање станува симбол на начините на кои системите на моќ ги користат човечките животи за лична и колективна добивка. Ифигенија во оваа верзија не ја разбира смислата на својата жртва — таа не умира за нешто, туку за ништо, па така станува дел од еден поголем општествен механизам кој ја проголтува поединечната волја и ја заменува со идеолошка дисциплина. Затоа, „Ифигенија за ништо“ не е само одек од минатото туку и огледало на сегашноста, во која истите тие механизми продолжуваат да ги потиснуваат човековите права и слободи. Трагајќи по баланс меѓу телесното и јазичното, претставата повикува на критичка анализа на општествата што ги оправдуваат овие процеси.
Април
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Огласи