Материјали за аудиција за прием на актери 2024

Почитувани,

 

Аудицијата ќе се спроведува според програма што се состои од 3 (три) дела и тоа:

-однапред подготвена етида;

-еден монолог по сопствен избор, и

-зададен материјал од драмска литература - монолог по избор на Комисијата.

Зададениот материјал е драмскиот текст „Копнеж“ од Сара Кејн, односно издвоениот монолог на ликот А, и истиот го имате како прилог.

Целата програма за аудиција должни сте да ја интерпретирате напамет.

Аудицијата ќе се одржи на 22.01.2024 и 23.01.2024 година, на сцената на НУ Драмски театар Скопје.

Редоследот за настап на кандидатите ќе биде определен со ждрепка. Ждребувањето ќе се одржи на ден 22.01.2024 година, со почеток од 8:30 часот, во интерното кафе на театарот. Кандидатите кои ќе изберат броеви од 1-40, ќе настапат истиот ден кога е и ждребувањето, односно 22.01.2024 година со почеток од 9:30 часот, а кандидатите со избран број поголем од 40 ќе настапат на 23.01.2024 година со почеток од 9:00 часот. Извлечените броеви и името на кандидатот ќе бидат евидентирани од страна на вработен во театарот поради оневозможување на промена на броевите и редоследот на настап.

Доколку бројот на кандидати драстично се намали на денот на ждребувањето може да се одлучи аудицијата да се спроведе само во еден ден и тоа на 22.01.2024 година. Аудицијата не е јавна.

Настапот е со ограничено времетраење од максимум 12 минути. Комисијата има право да го прекине настапот доколку кандидатот го надмине определеното времетраење за настап.

Настапот ќе се оценува со бодување, односно ќе се бодува говорната техника, движењето на сцена и способноста за анализа на ликови и реализација на истите, при што максималниот број на бодови кои можат да бидат освоени е 30, односно за говорна техника максималниот број бодови кои може да се добијат е 10, за движење на сцена максималниот број бодови кои може да се добијат е 10, и способноста за анализа на ликови и реализација на истите може да биде оценета со максимални 10 бодови.

Настапот на кандидатите ќе се снима и видео записот ќе се користи само за потребите на Комисијата.

Театарот Ви посакува успешен настап!

Материјалите може да се превземат од тука.

 

Листа на кандидати кои го поминаа административниот дел:

СТЕФАН СПАСОВ

ДЕНИЗ АБДУЛА

БЕРКАН АХМЕТ

НИКОЛА МИЛОШЕВСКИ

МАТЕЈ СТОЈКОВСКИ

ФИЛАРЕТА АТАНАСОВА

НИКОЛА РИСТЕСКИ

ХРИСТИНА ЦВЕТАНОСКА СТАНКОВСКА

ТОМЕ СТАНКОВСКИ

СИМОН МАНАСКОВСКИ

ДИМИТРИНА МИЦКОСКА ТРАЈКОСКА

НИКОЛА КУЗЕЛОВ

ВИКТОР ВЕЛЕВСКИ

АНГЕЛА СТОЈАНОВСКА

МЕЛИТА ПОПОСКА СОФРОНИОСКА

САРА СПИРКОСКА

ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ

ГОРАН ТРИФУНОВСКИ

МАРИЈА ЦВЕТАНОВСКА

РАДО АЛЕКСОВСКИ

ХРИСТИЈАН ГЕОРГИЕВСКИ

ГОРАН НИКОВ

ВЛАДИМИР ПЕТРОВИЌ

ВАСКО КОСТОВСКИ

МИРЈАНА ТРПКОВСКА КОСТОВСКА

МАРИЈА ГЕЧОСКА

БОБАН АЛЕКСОВСКИ

ХРИСТИЈАН ПОП СИМОНОВ

ТЕОМАН МАКСУТ

НЕНАД АНЃЕЛКОВИЌ

ЈАНКА ЛЕФКОВА

ТАМАРА РИСТОСКА

САРА КЛИМОСКА

ИСМЕТ ШАБАНОВИЌ

САРА АНАСТАСОВСКА

НАДЕ ДОЈКОСКА

АНА ГРАМОСЛИ

БЛАГИЦА СТОИМЕНОВА

ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ

КРИСТИНА ГИЕВА

АНА ЈОВАНОВСКА

АНАСТАСИЈА ЛАСОВСКА

МАРИНА ПОП ПАНКОВА

НАДИЦА ПЕТРОВА

МАРИЈА БАРКОВА

БРАНКО АТАНАСОВ

МАРЈАН НАУМОВ

СТЕФАНИЈА НАЧЕВСКА

АНЕ БЛАЖОВСКИ

ЕЛЕНА КУЗМАНОВ

ВАНЕСА ТРИМЧЕВСКА

РИСТЕ ЃОРЃИЕВСКИ

ИЗАБЕЛА ЈАКИМОВА

ЧЕДОМИР МИТЕВСКИ

ТОМИСЛАВ ДАВИДОВСКИ

АЊА МИТИЌ

НИНА ЕЛЗЕСЕР

НЕЛА ПАВЛОВСКА

ДАРИЈАН ПЕТРОВ

ВИРЏИНИЈА РИСТЕСКА

МАКЕДОНКА ИЛИЕВСКА МИТРЕСКА

ЛАЗАР ХРИСТОВ

ГОЦЕ АНДОНОВ

ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ

НИКИЦА ЈАНКОВСКИ

ЗДРАВКО СТОЈМИРОВ

АНДРЕЈ СЕРАФИМОВСКИ

НЕНАД НАЦЕВ

КРИСТИЈАН СВЕТИЕВ

АНТОНИО ТАШКОВСКИ

ЈАНА ВЕЉАНОВСКА

ДОЛОРЕС ПОПОВИЌ

МИШО ДИМИТРИЈЕВСКИ

ДАРКО ВЕЉИЌ

КИРИЛ ТРАЈКОВСКИ

ЕНЏИ НИКОЛОСКА

ЈОВАНА СПАСИЌ

НИКОЛА ПЕТКОВИЌ

БЛАГОЈ ЈОВАНОВСКИ

МАРТИН ЃОРГОСКИ

 

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи