Историјат на Драмски Театар Скопје

istorijat 1

НУ Драмски Театар Скопје е театарска институција која зад себе има 75 години успешна театарска дејност. Почетоците се врзуваат со изведбата на детската куклена претстава „Силјан Штркот“ на куклената сцена во рамките на Македонскиот Народен Театар (1946). Во следните петнаесетина години, зародената куклената сцена се развива како самостоен театарски субјект надвор од рамките на МНТ. Потрагата и дефинирањето на конечниот концепт на театарското делување, дефинирање на репертоарната политика и стилско/естетските театарски правци се пресликува и преку зачестеното преименување на институцијата: Куклена сцена (1949); Градски куклен театар(1949); Младински–куклен театар (1957/58) и Драмски театар Скопје (1965). Мора да се потенцира дека ДТС својата препознатливост на модерен/иновативен театар му ја должи на Ристе Стефановски, кој технички и уметнички го реорганизира ( оформува две засебни сцени и тоа Младинската и детската сцена, додека во годината 1960, започнува со работа и вечерната сцена.)

istorijat 2

Со изградбата на новиот засебен објект во 1965 година ДТС, управувачката политика на Ристе Стефановски, постојаниот актерски ансамбл и административно - техничкиот персонал, театарот започнува интензивен развој и пробивање до самиот врв на европската театарска мапа и се вбројува во групата модерени/иновативени театарски институции, предвесници на нови стилско - естетски театарски правци и промотор на млади драмски автори и режисери, кои прераснуваат во имања достојни за почит. Амбициозниот и исклучително квалитетен актерски ансамбл во изминативе 70 години соработува и режисерите: Слободан Унковски, Владимир Милчин, Љубиша Георгиевски, Александар Поповски, Сашо Миленковски, Нела Витошевиќ, Дејан Пројковски, Вилјам Вудман, Паоло Маџели, Мата Милошевиќ, Браун Кажимјеж, Миодраг Шаурек, Вито Тауфер, Бора Драшковиќ, Жарко Патен, Егон Савин, Красимир Спасов, Горчин Стојановиќ, Дино Мустафиќ, Владлен Александров, Лилија Абаџиева и др.

istorijat 3

Драмски театар Скопје брои вкупно 83 вработени лица. Професионалниот уметнички состав брои: 41 актери, 3 драматурзи, 2 режисери. Годишно се подготвуваат, во просек, по 7 премиерни изведби.

Забележува многубојни гостувања на театарските сцени во Риека, МТФ Војдан Чернодрински , Фестивал на камерен театар Ристо Шишков и др. Гостува на театарските сцени во САД, Австралија, Канада, Англија, Германија, Франција, Русија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др.

Брои вкупно 87 вработени лица, професионалниот уметнички состав брои: 46 актери, 3 драматурзи, 2 режисери. Годишно се подготвуваат, во просек, по 7 премиерни изведби.сцени Риека, МТФ Војдан Чернодрински , Фестивал на камерен театар Ристи Шишкови др. Гостува на театарските сцени во САД, Австралија, Канада, Англија, Германија, Франција, Русија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др., ДТС располага со две сцени, голема сцена (со капацитет од 357 седишта) и мала сцена (со капацитет од 100 седишта). Посетеноста на годишно ниво е повеќе од 40.000 гледачи.

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи