Репертоар

Events Calendar

МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ - РУТА - Градско позориште Подгорица, Р. Црна Гора
Петок, 18 Октомври 2024, 20:00

Градско позориште Подгорица

По мотиви од делото на Ингмар Бергман

Автор: Драгана Трипковиќ
Режија: Данило Маруновиќ

Улоги: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ, Павле Поповиќ

 
 Информации и резервации на 076/434343
 

купи билет

Светот во кој живееме е чуден и безтелесен свет на апсолутен дигитален пресврт на општеството. Просторот на сивилото, виртуелното работење на биткоин генерацијата, „Glovo“ исхраната и онлајн учењето го диктираат новиот тренд со кој се обележани неколку генерации.
На „миленијалците“, генерација обликувана од светската финансиска криза, но и експанзијата на интернетот, им припаѓа етикетата дека тие што ги уништиле традиционалните вредности, како религијата, сексот, патриотизмот и концептот на бракот и семејството.

Инспирирана од познатиот филм и серија на Бергман „Сцени од брачниот живот“, нашата театарска приказна кореспондира со амбиентот во кој живееме, односно со модерна Црна Гора. Паралелно со отуѓениот живот, обележан со „црните екрани“, во луѓето сепак се случува нешто друго... Се случуваат вистински стравови, желби и страсти. Овие луѓе се оние кои се обидуваат да се лекуваат со либералниот Instagram морал. Тоа се оние што го слушаат јогинот Садгуру (Sadhguru) и подкастите за „intermittent fasting“. Тие го создаваат својот „парасмисол“ преку интернет-алатките. Сето тоа за да бидат во согласност со времето кое неминовно нѐ стасува и бара целосно отсуство на емпатија. Минливоста, поконкретна од која било стара професија или старт-ап што го растури семејството, минливоста е она од што сите еднакво губиме.

Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на се поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, во
„мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта.
Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“.

Траење: 130 минути
Премиера: 17.5.2023, Подгорица
Октомври
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Огласи