Репертоар

Events Calendar

Мојот маж
Четврток, 24 Октомври 2024, 20:00

 

Мојот маж Постер за веб

 Автор: Румена Бужаровска

Режија: Нела Витошевиќ

Драматург: Викторија Рангелова – Петровска

Улоги: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ, Наталија Теодосиевска, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска, Трајанка Илиева - Велиќ

Информации и резервации: 076/434343

купи билет

Драматизација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска
Костимограф: Роза Трајчевска – Ристоска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Асистент сценограф: Моника Ангелевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Тон – мајстор: Сашо Ѓорѓиев
Светло – мајстор: Дејан Блажевски
Дизајн на плакат: Борче Димитриоски
Фотограф: Кире Галевски

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска


Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.
Октомври
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Огласи