Колумна: Апокалипса сега

21 Ноември 2018 Written by
Rate this item
(0 votes)

од Слободан Унковски

Мислите ли дека злите работи ќе им се случат на некои други луѓе на некои други места, а дека вие сте сигурни независно што скандирате по улиците „чиста, чиста Македонија“, независно што ги срушивте институциите на државата што треба да ве одбранат?

Ја гледам денес парадата на протестите „Заедно“ како проба за граѓанската војна: напред багери за кршење на вратата на Собранието, потоа црни тетовирани командоси скриени во маскираните, без регистарски броеви и со загадочна содржина минибуси и автобуси, спремни за заземање на Собранието, и зад нив една нејасна маса, не претерано бројна, но нахранета со омраза и апатија, одработува хипнотизирана, желна за крв, или да ѝ помине денот.

Парковите – гробници

Зошто ви се потребни багери, та никој нема да ве запре да влезете во Собранието, Трајко лично ќе ви ги отвори вратите, ќе го опаша оружјето и ќе тргне по ходниците во лов и линч на пратениците од мнозинството.

Еден ден кога граѓанската војна сепак ќе заврши, сеедно со чија победа, а јасно е дека нема да може да има победник, кога ќе заврши и третата балканска војна, зашто судирот овде не може да остане локален, после повеќе месеци или после повеќе години, Македонија ќе биде распарчена, а паркот „Жена-борец“, како и другите паркови по Скопје, па и оној тревник пред Собранието, ќе бидат полни со тазе гробови на скопјани. Нема да има потреба од попис, лесно ќе се пребројат преживеаните! Тоа го сакате, кон тоа се стремите? Тоа ви кажува вашиот разум, вашето семејство, вашите деца, вашите учители, вашата писменост? Тоа ви го кажува вашиот единствен живот што го имате?

Сакате ли да гледате како гори зградата на ЕВН, Собранието; како скопските населби и разноразни згради – руски, романски… отвораат дупки на погорните катови; како виснал Камениот мост пресечен со граната на средината; како се уриваат четириесеткатниците во Аеродром; како трчаат избезумени, раскрвавени деца по скопските булевари во потрага по своите родители; како се одлеваат колони бегалци преку Сончевиот Град и преку Водно кон посигурните зони; како со голема брзина се движат по градот истрошени камиони и од маслинестото обоени сандаци делат калашникови без селекција; како е напуштена испразнетата и опљачкана зграда на Банката на Македонија. Сакате да примате телеграми во кои командата на народните бригади ќе ви јави дека некој ваш загинал? Мислите ли дека злите работи ќе им се случат на некои други луѓе на некои други места, а дека вие сте сигурни независно што скандирате по улиците „чиста, чиста Македонија“, независно што ги срушивте институциите на држава што треба да ве одбранат? Сакате да го горите паркетот од дома и книгите, ако ги имате, за да зготвите нешто ако најдете за јадење, за да се згреете?

Изгубена свест

Нè потценувате нас другите и си мислите дека тоа што нè нема е поради слабост или страв? Или си велите Македонците ќе мора да одат со Македонците, Албанците со Албанците? Сакале, нејќеле.

Овде е веќе умрен здравиот разум, логиката, спомнувањето на фактите е навреда, а носењето војнички кошули станува моден тренд.

Ако некој мисли дека „Заедно“, препознатлив продукт на ДПМНЕ, ќе запре на разумна точка пред моментот кога веќе не ќе може ништо да се поправи е или наивен или безразложен оптимист. Управувани со далечинско, водачите на „Заедно“, видливите и невидливите, се во еден дервишки танц на мрморење и вртења во круг во кој ја изгубиле свеста за сопствената позиција и одговорност, а уживаат во лажната слава на денот, несвесни, се плашам, за сопствената минливост и за местото што ги чека во шифоњерот со искористени трикови на нивната партија.

Тоа го сакате? Тоа е израз на вашиот т.н. патриотизам?

 

Read 3130 times Last modified on 21 Ноември 2018
Октомври
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Огласи

  • Одлука за прием на актери

    Почитувани,

     

    Во прилог одлуката за прием на актери.

    Следни изведби
    5.10.2024 од 20:00 часот
    8.10.2024 од 20:00 часот
    15.10.2024 од 20:00 часот
    16.10.2024 од 20:00 часот
    17.10.2024 од 20:00 часот
    18.10.2024 од 20:00 часот
    19.10.2024 од 20:00 часот
    20.10.2024 од 20:00 часот
    24.10.2024 од 20:00 часот
    25.10.2024 од 20:00 часот
  • Материјали за аудиција за прием на актери 2024

    Почитувани,

     

    Во прилог ви следуваат информации за аудицијата за прием на кандидати...

    Следни изведби
    5.10.2024 од 20:00 часот
    8.10.2024 од 20:00 часот
    15.10.2024 од 20:00 часот
    16.10.2024 од 20:00 часот
    17.10.2024 од 20:00 часот
    18.10.2024 од 20:00 часот
    19.10.2024 од 20:00 часот
    20.10.2024 од 20:00 часот
    24.10.2024 од 20:00 часот
    25.10.2024 од 20:00 часот
  • Shpallje pune - 2023

    Të nderuar,

    Gjeni të bashkëlidhura për shkarkim Shpalljen publike për punësimin e artistëve në kohë të caktuar nr. 01/2023, si dhe formulari për aplikimjn për të njëjtën.

    Следни изведби
    5.10.2024 од 20:00 часот
    8.10.2024 од 20:00 часот
    15.10.2024 од 20:00 часот
    16.10.2024 од 20:00 часот
    17.10.2024 од 20:00 часот
    18.10.2024 од 20:00 часот
    19.10.2024 од 20:00 часот
    20.10.2024 од 20:00 часот
    24.10.2024 од 20:00 часот
    25.10.2024 од 20:00 часот
  • Оглас за вработување - 2023

     

     

    Следни изведби
    5.10.2024 од 20:00 часот
    8.10.2024 од 20:00 часот
    15.10.2024 од 20:00 часот
    16.10.2024 од 20:00 часот
    17.10.2024 од 20:00 часот
    18.10.2024 од 20:00 часот
    19.10.2024 од 20:00 часот
    20.10.2024 од 20:00 часот
    24.10.2024 од 20:00 часот
    25.10.2024 од 20:00 часот
  • ОБЈАВА број 01/2023 за давање под закуп на недвижен имот – деловен простор по пат на електронско јавно наддавање
    Следни изведби
    5.10.2024 од 20:00 часот
    8.10.2024 од 20:00 часот
    15.10.2024 од 20:00 часот
    16.10.2024 од 20:00 часот
    17.10.2024 од 20:00 часот
    18.10.2024 од 20:00 часот
    19.10.2024 од 20:00 часот
    20.10.2024 од 20:00 часот
    24.10.2024 од 20:00 часот
    25.10.2024 од 20:00 часот