Диме Илиев – Награда за актер на годината за 2014 година, доделена од весникот „Дневник“ за улогата на татко во претставата „Човекот кој го изеде светот“ од Нис-Моме Штокман, во режија на Билјана Радиноска, во изведба на НУ ДТС. Благица Секулоска – Награда за текст за претставата „Безљубни“ во изведба на НУ ДТС на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Бруно Јовановски – Награда за рекламен материјал за претставата „Безљубни“ во изведба на НУ ДТС на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Благој Чоревски – Награда за животно дело на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Мето Јовановски – Награда за животно дело на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Рубенс Муратовски – Награда за најдобра машка улога на Интернационалниот Театарски Фестивал „Гола месечина“ – Општина Аеродром, Скопје за улогата на Мартин во претставата „Чолак“ во продукција на НУ Драмски театар Скопје.