Ѓорѓи Јолевски – Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Хамлет во „Хамлет“. Владо Цветановски – Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за претставата „Хамлет“. „Хамлет“ – „Златна плакета“ од весникот „Нова Македонија“ за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Благој Мицевски – Награда за најдобра сценографија на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за претставата „Хамлет“. Група „Анастасија“ – Награда за најдобра музика на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за претставата „Хамлет“. Ѓорѓи Јолевски – „Златна маска“ од весникот „Вечер“ за најдобро актерско остварување на Охридско лето за Хамлет во „Хамлет“. Владимир Ангеловски – Награда „Ристо Шишков“ на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на постариот брат во „Дунек“. Димитар Станковски – Награда „11 Октомври“ за животно дело. Стево Спасовски – Награда „Климент Охридски“ за значајни остварувања во областа на културата, уметноста, образованието, воспитанието и здравството.