Јелена Жугиќ

(20 април 1973, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1995). Од 1997 година работи во Драмски театар Скопје. Директорка на НУ „Театар Комедија“ од 2011 година.

Селективна театрографија: Пешна (Марко Крале, 1993); Трагичар 4 (Розенкранц и Гилдерстерн се мртви, 1994); Ева (Умри машки, 1995); Тина (Ни ќар, ни зијан, 1996); Дона Хуана (Дона Хуана, 1996); Констанца Вебер (Амадеус, 1996); Ева (Умри машки, 1996);  Констанца (Амадеус, 1997);  Сара/Долорес (Тхе ловер, 1998); Ерика фон Лајден (Европа, 1999); Беатриче Распони (Арлекин - слуга на двајца господари, 1999); Доктор Панглос  (Кандид воземјата на чудата, 2000); Абел (Собрани дела на Вилјам Шекспир, 2002);  Ирина (Три сестри, 2004); Шенген (Демонот на Дебар Маало, 2006); Јулишка (Комшилук наопаку, 2007); Титанија (Сон на летната ноќ, 2008); Силви (Коза или Која е Силвија, 2008); Олимпија (Александар, 2009); Пангиос (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Хекуба (Геноцид 21, 2011); Госпоѓа Ренате (Генетика на кучињата, 2012);  Фатиме (Солунски патрдии, 2013).

Селективна филмографија: Бумбари (1994); Време за плачење (2003)  Остани исправен (2005).

Награди: Награда на ревијата Екран за најдобар млад актер, за улогата на Ева во претставата „Умри машки“ и за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ (1997); Награда за најдобро актерско остварување  за улогата  Ида во претставата „Позитивно мислење“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 1997); Награда за најдобро актерско остварување за улогата Лора во претставата „Црни куклички“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп 2001); Награда “Златна маска Изида” за најдобра улога во претставата “Собрани дела на Вилијам Шекспир, на Меѓународниот фестивал “Охридско лето” (2002); Награда “Маслина”, за најдобра актерка во ТВ филмот „Време за плачење“ (Бар 2003); Награда за најдобра женска улога за улогата на Хекуба во претставата „Геноцид 21“ на Фестивалот за античка драма Стоби ( 2011); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Хекуба во претставата Геноцид 21 на МТФ „Војдан Чернодрински” ( Прилеп, 2011); Награда за најдобра женска улога за улогата на Ренате во претставата „Генетика на кучињата“ на  МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012) и други.

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи