Историјат на Драмски Театар Скопје

istorijat 1

НУ Драмски Театар Скопје е театарска институција која зад себе има 70 години успешна театарска дејност. Почетоците се врзуваат со изведбата на детската куклена претстава „Силјан Штркот“ на куклената сцена во рамките на Македонскиот Народен Театар (1946). Во следните петнаесетина години, зародената куклената сцена се развива како самостоен театарски субјект надвор од рамките на МНТ. Потрагата и дефинирањето на конечниот концепт на театарското делување, дефинирање на репертоарната политика и стилско/естетските театарски правци се пресликува и преку зачестеното преименување на институцијата: Куклена сцена (1949); Градски куклен театар(1949); Младински–куклен театар (1957/58) и Драмски театар Скопје (1965). Мора да се потенцира дека ДТС својата препознатливост на модерен/иновативен театар му ја должи на Ристе Стефановски, кој технички и уметнички го реорганизира ( оформува две засебни сцени и тоа Младинската и детската сцена, додека во годината 1960, започнува со работа и вечерната сцена.)

istorijat 2

Со изградбата на новиот засебен објект во 1965 година ДТС, управувачката политика на Ристе Стефановски, постојаниот актерски ансамбл и административно - техничкиот персонал, театарот започнува интензивен развој и пробивање до самиот врв на европската театарска мапа и се вбројува во групата модерени/иновативени театарски институции, предвесници на нови стилско - естетски театарски правци и промотор на млади драмски автори и режисери, кои прераснуваат во имања достојни за почит. Амбициозниот и исклучително квалитетен актерски ансамбл во изминативе 70 години соработува и режисерите: Слободан Унковски, Владимир Милчин, Љубиша Георгиевски, Александар Поповски, Сашо Миленковски, Нела Витошевиќ, Дејан Пројковски, Вилјам Вудман, Паоло Маџели, Мата Милошевиќ, Браун Кажимјеж, Миодраг Шаурек, Вито Тауфер, Бора Драшковиќ, Жарко Патен, Егон Савин, Красимир Спасов, Горчин Стојановиќ, Дино Мустафиќ, Владлен Александров, Лилија Абаџиева и др.

istorijat 3

ДТС прераснува во една од најдобрите театарски институции во Европа, особено на Балканот, повеќекратно наградуван на театарски фестивали: Стериино позорје, МЕСС, БИТЕФ, Охридско Лето, Меѓународен фестивал на мали Брои вкупно 87 вработени лица, професионалниот уметнички состав брои: 46 актери, 3 драматурзи, 2 режисери. Годишно се подготвуваат, во просек, по 7 премиерни изведби.сцени Риека, МТФ Војдан Чернодрински , Фестивал на камерен театар Ристи Шишкови др. Гостува на театарските сцени во САД, Австралија, Канада, Англија, Германија, Франција, Русија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др.

Денес, ДТС располага со две сцени, голема сцена (со капацитет од 357 седишта) и мала сцена (со капацитет од 100 седишта). Посетеноста на годишно ниво е повеќе од 40.000 гледачи.

Јануари
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи

  • ДИРЕКТОР

    5. Катарина Коцевска Хаџи Василева

    Катарина Коцевска Хаџи Василева

    (11 април 1959, Скопје)

    Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година. Покрај актерскиот ангажман во матичната куќа, настапува на театарските сцени низ Р.Македонија, и оставрува улоги и во телевизиски и филмски проекти. Коцевска е автор на неколку драмски текстови и потпишува неколку театарски режии. 

    Селективна театарографија:Емил (Еригон, 1982); Мира (Хај-фај, 1983);  Олга Бизјак (Карамазови, 1984);  Котис (Крал Иби, 1984); Салома (Салома, 1985); Луси (Авантурите на Понг и Луси, 1985); Маре (Тетовирани души, 1985); Марион (Смртта на Дантон, 1987); Сели (Закопано дете, 1987); Марија Малон (Р, 1987); Ели (Стапица, 1987);  Покојната Милица (Собирен центар, 1989); Прва ќерка ( Медеја, 1989); Весела (Ало, будење, 1990); Верче (Чија си, 1991); Галаба Рубен (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата ....и зошто, 1993); Праксагора (Жените од народното собрание, 1994);  Дијана (Питачка опера, 1996); Жена  (Три високи жени, 1996); Тимофеја Гордеевич Бугрова (Платонов, 1999); Карола Мартин (Мефисто, 2000);  Мајката на Леха (Падот на невиноста, 2002); Џилијен (Брачна игра, 2003); Босилка Ракаџиева (Хамлет од Долно Гаштани, 2005); Вера (Нашиот непрежален, 2006); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата и зошто, 2008); Гертруда (Хамлет, 2010); Шабан бег (Солунски патрдии, 2013) 

    Селективна филмографија: Викенд на мртовци (1988); Пред дождот (1994); Самоуништување (1996); Вета (2001).

    Награди; Награда на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија за улогата во „Хај-Фај“(1983);  Награда за најдобро актерскио остварување за улогата на Олга Бизјак во претставата „Карамазови” на МТФ „Војдан Чернодрински” Прилеп (1984);Награда за најдобра млада актерка во Југославија на фестивалот на Југословенски театар - Сараево, за улогата на Олга Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ (1985); Награда за извонредна актерска двојка во дуодрамата „Брачна игра” од Едвард Олби, на IV Сеукраински фестивал „Тернопилски вечери” (Тернопил, Украина, 2003); Награда од публиката за најдобро актерско остварување на вечерта за улогата на Илиен во претставата „Брачна игра”  на XXII „Нушичеви денови” ( Смедерево, Р.Србија, 2005) и други.

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Одлука за избор на друг раководител - 25.2.2022
    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Јавен оглас

    Во прилог Јавниот оглас и Пријавата за вработување.

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС

    Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување

    Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот