Дејан Лилиќ

(26 октомври 1974, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1997). Од 1998 година работи во Драмски театар Скопје. Уметнички раководител на ДТС (2007-2010). Директор на Македонскиот народен театар (2011-2015).

Селективна театрографија: Ојдип тиранинот (Ојдипус Тиранос, 1997); Кристофер Махон (Заводникот од западниот свет, 1997); Бил (Тхе ловер, 1998); Креонт (Антигона во Техноленд, 1998); Иван Соловјов или Славеј (Земјомерот, 2000): Стефан (Диво месо, 2000); Шереф (Ферхад и Ширин, 2000); Жан Дестив (Јованка Орлеанска, 2000); Непознатиот (Кандид во земјата на чудата, 2000); Иван Соловјов – Соловеј (Земјомерот, 2000); Алексндар Македонски (Macedoan-Одисеја 2001, 2001); Војдан (Тетовирани души, 2001); Царот (Како се станува цар, 2003); Човекот со палка и Лени (Марисол, 2004); Михајло (Лет во место, 2005); Падрајк (Поручникот од Инишмор, 2005); Иљо (Демонот од Дебар Маало, 2006); Мичо (Комшилук наопаку, 2007); Томас Мор (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Александар (Александар, 2009); Хамлет (Хамлет, 2010); Леоне (Генетика на кучињата, 2012).

Селективна филмографија: Џипси меџик (1996); Освета (1998); Боли ли? (2006); Американецот (2006); Скопје ремикс (2010); Измена (2012).

Награди: Награда за најдобар млад актер на ревијата „Екран“ за улогите одиграни во 1997 година (1998); Награда на ревијата „Екран“ за најдобра епизодна улога, за улогата на Бил во претставата Тхе ловер (1999); Награда за најдобро актерско остварување за улогата Стефан во претставата „Диво месо“ и за улогата на Непознатиот во претставата „Кандид во земјата на чудата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2001); Златна маска од весникот „Вечер“ за најдобро актерско остварување на Охридско лето за улогата на Александар Македонски во претставата „Macedoan - Одисеја 2001“ (2001); Награда за најдобро актерско остварување за улогите Човекот со палка и Лени, во претставата„ Марисол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2004); Награда за најдобра машка улога за улогата на Александар во претставата „Александар“ на Интернационалниот фестивал на античка драма во Стоби (2009); Награда за најдобра машка улога за улогата Хамлет во претставата „Хамлет“ на Интернационалниот фестивал за античка драма во Стоби (2010); Награда „13 Ноември“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на градот (Скопје, 2010); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2011); Награда за најдобра машка епизодна улога на за улогата на Леоне во „Генетика на кучињата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2012); Наградата за најдобар актер за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“, на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ ( Подгорица, Црна Гора, 2014)и други.

Јануари
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Огласи

  • Jавен оглас за вработување | 20.12.2018

     

     

    Следни изведби
    25.01.2019 од 20:00 часот
    26.01.2019 од 20:00 часот
    30.01.2019 од 20:00 часот
    31.01.2019 од 20:00 часот
    5.02.2019 од 20:00 часот
    6.02.2019 од 20:00 часот
    7.02.2019 од 20:00 часот
    8.02.2019 од 20:00 часот
    9.02.2019 од 20:00 часот
    12.02.2019 од 20:00 часот
  • Јавен оглас за врaботување на определено време | 5.12.2018
    Следни изведби
    25.01.2019 од 20:00 часот
    26.01.2019 од 20:00 часот
    30.01.2019 од 20:00 часот
    31.01.2019 од 20:00 часот
    5.02.2019 од 20:00 часот
    6.02.2019 од 20:00 часот
    7.02.2019 од 20:00 часот
    8.02.2019 од 20:00 часот
    9.02.2019 од 20:00 часот
    12.02.2019 од 20:00 часот