Сања Арсовска

(9 септември 1986, Штип)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје (2009). Работи во  Драмски театар Скопје од 2013 година. Покрај настапите на матичната сцена, соработува и со другите театри и на независната театарска сцена во Р. Македонија.  Детската публика ја препознава по ликот на Мина од детската телевизиска серија „Петко“ (ОХО Продукција, 2014-)

Селективна театрографија:  Хермија (Сон на летната ноќ, 2008); Груша (Кавкаски круг со креда, 2013); Хилда (Огнени јазици, 2010); Вистинската (Безљубни, 2015); Ева/ Далила/ Вицавеа (Библијата, 2015);  Муртенко (Снежана и седумте џуџиња, 2016)

Селективна филмографија: Трето полувреме (2012); Балканот не е мртов (2013); Петко (2014-)

Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски” , за улогата на Ленче во претставата  „Бегалка” во продукција на НУ Театар Куманово на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп , 2008).

Јуни
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Огласи