Соња Стамболџиоска

(30 април 1983, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје (2009). Работи во Драмски театар Скопје од 2013 година. Покрај настапите на матичната сцена Стамболџиоска  соработува и со останатите театари во Р.Македонија и остварува улоги и на филм.  Детската  публика ја препознава по улогата на Пипи во претставата„ Пипи Долгиот чорап”  во продукција на НУ „Театар за деца и младинци“ ( 2013).

Селективна театрографија: Малиот камен ( Евридика, 2013); Готвачка/ Селанка/ Жената трговец/ Инвалидот/ Анико (Кавкаски круг со креда, 2013); Јадвига (Огнени јазици, 2013); Тереза (Ждрело, 2014); Госпоѓата Патриција Сиго (Еригон, 2015); Дона Хуана (Јов, 2015) и Сезнајко (Снежана и седумте џуџиња, 2016).

Селективна филмографија: Превртено (2005); Панкот не е мртов (2011); Омнибус Некои други приказни-Замена (2011); Подстанар (2012); До балчак (2014).

Јуни
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Огласи