Калина Наумовска

(28 септември 1974, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје  (1998).  Од 1999 година работи во Драмски театар Скопје. Освен на матичната сцена, настапува и на театарските сцени низ Македонија, како и во независни театарски проекти.

Селективна театарографија: Сивиќ (Диво месо, 2000);  Јулија ( Мефисто, 2000); Комита/Поротник (Кандид во земјата на чудата, 2000); Арапка (Мефисто, 2000); Пчелка (Како се станува цар, 2003); Амелија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Наркоманката (Жив човек, 2004); Целија (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004);  Дон Алонзо (Дон Жуан, 2005); Курвата (Купидона, 2005); Благородна (Ладало, 2006); Господин Кафеав (Касапски кучиња, 2007); Ивана (Комшилук наопаку, 2007); Актер (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008);  Шарлота (Маркиза, 2009); Орхан-Турчин (Македонска крвава свадба, 2012);  Јашар Бег (Солунски патрдии, 2013).

Селективна филмографија: Аирлија транзиција (1996); Јазол (1985); Необичен бакнеж (2010).

Април
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи