Учество на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“ во Ниш, Р. Србија

Со задоволство го најавуваме гостувањето на НУ Драмски театар Скопје (ДТС) на Интернационалниот театарски фестивал Театар на раскршчу (Театар на крстопат) во организација на Народниот театар од Ниш, Р. Србија.

Стара драма во ново руво - Исклучително модерна претстава

(„Крал Иби“ според Алфред Жари; адаптација и режија, Васил Христов; продукција, Драмски театар; премиера: јануари 2019 г.)

Тодор Кузманов

„Крал Иби“ – Лудилото на времево/времето

Новата претстава „Крал Иби“ е драматуршко/режисерски колаж во кој, освен драмата на Алфред Жари, режисерот Васил Христов ја прави и адаптацијата на текстот. Всушност, Жари користи и ликови од драмите на Шекспир со кои и тој и Христов, го изоструваат  конфликтот: лудилото на времево/лудилото на времето – секогаш, секаде. Во режијата на Христов токму ова е стожерен елемент на претставата...

Одлука за избор на кандидати за вработување од оглас бр. 0402-616/2 од 5.12.2018

 

Почитувани,

Во прилог две одлуки за вработување на кандидатите по огласот број 0402-616/2 од 5.12.2018 за актери.

Јавен оглас за вработување на 5 извршители

НУ Драмски театар Скопје, има потреба од вработување на неопределено време na 5 извршители.

Известување за одржување на аудиција | 20.12.2018

Известување за одржување на аудиција за пријавените кандидати по Јавен оглас за вработување на (2 извршители) на работно место Актер трета група

Јануари
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи

  • ДИРЕКТОР

    5. Катарина Коцевска Хаџи Василева

    Катарина Коцевска Хаџи Василева

    (11 април 1959, Скопје)

    Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година. Покрај актерскиот ангажман во матичната куќа, настапува на театарските сцени низ Р.Македонија, и оставрува улоги и во телевизиски и филмски проекти. Коцевска е автор на неколку драмски текстови и потпишува неколку театарски режии. 

    Селективна театарографија:Емил (Еригон, 1982); Мира (Хај-фај, 1983);  Олга Бизјак (Карамазови, 1984);  Котис (Крал Иби, 1984); Салома (Салома, 1985); Луси (Авантурите на Понг и Луси, 1985); Маре (Тетовирани души, 1985); Марион (Смртта на Дантон, 1987); Сели (Закопано дете, 1987); Марија Малон (Р, 1987); Ели (Стапица, 1987);  Покојната Милица (Собирен центар, 1989); Прва ќерка ( Медеја, 1989); Весела (Ало, будење, 1990); Верче (Чија си, 1991); Галаба Рубен (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата ....и зошто, 1993); Праксагора (Жените од народното собрание, 1994);  Дијана (Питачка опера, 1996); Жена  (Три високи жени, 1996); Тимофеја Гордеевич Бугрова (Платонов, 1999); Карола Мартин (Мефисто, 2000);  Мајката на Леха (Падот на невиноста, 2002); Џилијен (Брачна игра, 2003); Босилка Ракаџиева (Хамлет од Долно Гаштани, 2005); Вера (Нашиот непрежален, 2006); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата и зошто, 2008); Гертруда (Хамлет, 2010); Шабан бег (Солунски патрдии, 2013) 

    Селективна филмографија: Викенд на мртовци (1988); Пред дождот (1994); Самоуништување (1996); Вета (2001).

    Награди; Награда на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија за улогата во „Хај-Фај“(1983);  Награда за најдобро актерскио остварување за улогата на Олга Бизјак во претставата „Карамазови” на МТФ „Војдан Чернодрински” Прилеп (1984);Награда за најдобра млада актерка во Југославија на фестивалот на Југословенски театар - Сараево, за улогата на Олга Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ (1985); Награда за извонредна актерска двојка во дуодрамата „Брачна игра” од Едвард Олби, на IV Сеукраински фестивал „Тернопилски вечери” (Тернопил, Украина, 2003); Награда од публиката за најдобро актерско остварување на вечерта за улогата на Илиен во претставата „Брачна игра”  на XXII „Нушичеви денови” ( Смедерево, Р.Србија, 2005) и други.

  • Одлука за избор на друг раководител - 25.2.2022
  • Јавен оглас

    Во прилог Јавниот оглас и Пријавата за вработување.

  • Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС
  • Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување

Следни претстави

Мојот маж
04 Февруари 2023
Како да се ограби банка - ОДЛОЖЕНА
08 Февруари 2023
Диши
09 Февруари 2023