Сашо Тасевски

(10 август 1972, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1995). Магистрира театрологија на Факултетот за драмски уметности (2004). Од 1998 година работи во Драмски театар Скопје. Покрај реализираните улоги на матичната сцена, Тасевски реализира и неколку улоги во телевизиски и филмски проекти. Автор е на драмските текстови: Интермецо (2007); На девет по Рихтер (2007); Аеродромци (2010); Житие по Ице (2011) и други. Објавува колумни во печатените медиуми: Актуел, Фокус, Дневник, Утрински весник.

Селективна театрографија: Бопчински (Ревизор, 1995); Филоктет (Филоктет, 1998); Силвио (Арлекин, слуга на двајца господари, 1999); Лука (Стари миризби, 1999);Сеа ќе видиш/Камбо (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ханс Миклас (Мефисто, 2000); Цибра (Тетовирани души, 2001); Задрогаз (Сон на летната ноќ, 2001); Калабези (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Џоџо (Демонот од Дебар Маало, 2006); Жига (Комшилук наопаку, 2007); Олошот (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Мртва (Интермецо, 2010); Боксерот (Грев или шприцер, 2011); Кара (Чолак, 2015); Актерот (Секс дрога и рокенрол/ Sex and drugs and rock n Roll, 2015); Ѓорѓи (Буре барут, 2016) и други.

Селективна филмографија: Салон Хармони (1998); Сакам да бидам кошаркар (2003)

Награди: Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цибра во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 2002).

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи