Репертоар

Events Calendar

Вај - Фај - Независна сцена
Сабота, 20 Септември 2025, 20:00

vajfaj

Режија: Мирко Видоески
 
Во претставата настапува проверена актерска екипа на Драмското студио Тетово, која ја сочинуваат:
Наташа Петровска, Лазар Саровски, Драгана Радованов, Глигорије Стојановски и Игор Бачоски. Режисер е Мирко Видоески,
кој воедно го преведе и адаптира текстот од српски на македонски јазик.
 
Информации и резервации на 076/434343
Комедијата “ВАЈ-ФАЈ“ низ дијалозите на актерите ја отсликува денешната состојба во општеството. Притиснати со својата борба за егзистенција, истовремено се грижиме за сопствените деца, кои својот дом го засноваат некаде далеку, во туѓиот свет во којшто заминуваат по некој подобар живот, а на постарите (родителите) им останува со нив да комуницираат преку интернет (Vi - Fi). Иако на прв поглед делува како урнебесна комедија, во текот на претставата
провејуваат повеќе жанрови како драма и мелодрама со сатирични сегменти.

Kомедијата „ВАЈ-ФАЈ“ e дело на српскиот драмски автор Мирољуб Недовиќ.
Претставата е комедија на ликови, карактери, ситуации и дијалози.
Септември
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи