Стефан Вујисиќ

(25 април 1992, Скопје)

Доаѓа од фамилија уметници. По нивните чекори го завршува средното уметничко училиште, Лазар Личеноски. Од 2011 до 2015 студира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. За време на студиите игра во повеќе испитни и професионални претстави, и кратки филмови.

Селективна театрографија:“Лет над Кандидатското Гнездо”, “5:17”, “Кој Пукаше на 21ви” , “Вечна Куќа”, “Човекот кој го Изеде Светот”, “Солун Град на Духови”, “Лерин”, “Антигона и Креонт”, “Мајсторот и Маргарита”, “Венецијанскиот Трговец”, “Хамлет Машина”, “Магбет”,”Реалисти”, ”Црнила Ремикс”, “Орестија”, “Hopscotch”, “Неоодветно за на Работа”, “Пантаглез” и други.

Селективна филмографија:“Бог Постои, Името и е Петрунија”, прв македонски филм кој ја имал својата премиера на филмскиот фестивал Berlinale во Берлин и кој има освоено многубројни награди низ Европа и пошироко.

Награди: “Цар Константин” за најдобра машка улога во испитната претстава “Досије Копче”на студентскиот фестивал Ниш Фест, за најдобра млада машка улога за улогата Порциа во “Венецијанскиот Трговец на фестивалот “Војдан Чернодрински”.

Алумни е на Sarajevo Talents, 2019 и Berlinale Talents, 2020, Берлинскиот меѓународен филмски фестивал за исклучителни креативци од областа на филмот и драмата.

 

Ноември
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Огласи