Димитрија Доксевски

(28 јули 1983, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (2006). Магистрира режија на ФДУ (2010). Работи во НУ Кумановски театар (2011-2013), преминува во Драмски театар Скопје во 2014 година . Покрај настапите на матичната сцена, настапува и на останатите театарски сцени низ Р.Македонија и реализира филмски и телевизиски улоги.

Селективна театрографија: Актер (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Арчибалд  (Капетанот Џон Пиплфокс, 2014); Улф (Човекот кој го изеде светот, 2014); Тине (Ждрело, 2014); Непознатиот (Безљубни, 2015); Адам/ Рамзес II/ Давид (Библијата, 2015);  Принцот (Снежана и седумте џуџиња, 2016); Кирил (Буре барут, 2016); Втор вицеадмирал (Кристофор Колумбо, 2016).

Селективна филмографија: Боли ли? (2006); Караула (2005); Превртено (2005); Трето полувреме (2012); Балканот не е мртов (2012); Улица Шекспирова 9/1 (2014); Враќање (2014); До балчак (2014); Медена ноќ (2015); Карма (2015).

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи