Рубенс Муратовски

(8 јануари 1971, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1995).  Работи во Драмски театар Скопје (2000-). Публиката го памети како дете актер,  толкувајќи ја улогата на  Ване во телевизиската серија Булки крај шините (1980) и  Белото циганче (1984).  Покрај настапите на матичната сцена,  настапува и на театарски сцени во други национални театрски установи и независни театарски продукции во Р. Македонија како и во телевизиски проекти. Покрај актерскиот ангажман, Муратовски ја извршува должноста Уметнички раководител (2014-) .

Селективна театрографија: Теди Бјустер (Арсеник и стара тантела,1995); Џим (Питачка опера, 1996); Прв актер (Хамлет, 1998); Пекарот/ Френк (Тхе ловер, 1999); Затвореникот/Судијата (Кандид во земјата на чудата, 2000);  Лизандар (Сон на летната ноќ, 2001); Тетовирачот (Тетовирани души, 2001);Војцек (Војцек, 2002); Штурецот (Како се станува цар, 2003); Амнон (Јонадаб, 2003);  Една улога (Хомо еректус, 2003); Џејмс (Поручникот од Инишмор, 2005); Гаврил (Лет во место, 2005); Спасе (Македонски рулет, 2007); Војникот (Супернова, 2008);  Инспекторот Дадо (Комшилук наопаку, 2008); Пу пу/Тера Ристо(Кинегонда во Карлаленд, 2009); Агамемнон (Геноцид 21, 2011) Пречесниот (Генетика на кучињата, 2012); Сопругот ( Вртелешка, 2012); Еврипид (Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот, 2012); Оној што го изеде сопственото име ( Ждрело, 2014); Мартин (Чолак, 2015); Топук (Буре барут, 2016); Кристофор Колумбо (Кристофор Колумбо, 2016).

Селективна филмографија: Булки крај шините (1980); Белото циганче (1984); Прашина (2000); Вета (2000); Подгревање на вчерашниот ручек (2001).

Награди: Награда за најдобра машка улога за улогата на Агамемнон во Геноцид 21 на „ИФАД” Стоби (2011); Награда за најуспешно актерско остварување  за улогата на Агамемнон во Геноцид 21, доделена од весникот „Дневник” (Скопје, 2011); Награда за најдобра машка улога за улогата на Велко во претставата Вејка на ветрот на Фестивалот „Актерот на Европа”  (Ресен, 2014); Награда за најдобра машка улога за улогата на Мартин во претставата Чолак на Интернационалниот Театарски Фестивал „Гола месечина - Општина Аеродром” (Скопје, 2015) и други.

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи