Репертоар

Events Calendar

Безвременски приказни
Среда, 15 Јануари 2025, 20:00

Безвремени за веб

Продукција: Независна
Кореографија: Ирена Лозинска
Музички соработник и композитор на претставата - Енес Беговски
Видео Арт - Доријан Миловановиќ
Учесници: Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци, Нела Павловска
Цената на билетите е 400 денари.
Информации и резервации на 076/434343 или на karti.com.mk.
“Безверменски прикаски” е перформанс со карактер на танцов театар. Творештвото на Франц Кафка се смета за едно од најинспиративните творештва, поради неговиот специфичен стил на изразување преку апсурд. Повеќето од неговите дела, изразени преку апсурд и метафоричен приказ на ликовите, и покрај тоа што се пишувани во почеток на 20-от век, остануваат безвременски, па така љубителите на театарот можат да се поистоветуваат и да се пронајдат во неговите дела до денешен ден.
Станува збор за перформанс кој со јазикот на разните танцови стилови, современ танц, Буто техника, импровизација, актерски задачи и текст од самиот автор, преку кореографија, сценски движења и различен тип на театар, четирите актери ќе ни ги интерпретираат литературните светови на големиот автор Франц Кафка. Имено, овој преформанс говори за нарушени семејни односи, депресијата, осаменоста, , монотонијата на животот ,отуѓување, губење на авторитетот, емотивни пресврти, сето она што секојдневно го доживуваме и преживуваме, сето она кое било напишано тогаш, а сеуште го живееме и денес.
Претставата започнува со тоа што еден од актерите влегува на сцена, како да е на обична сценска проба.По него, еден по еден влегуваат на сцена и останатите актери заедно со музичкиот изведувач. Во еден момент атмосферата се менува и се претвора во претстава, актерите-танчери го претставуваат Ф. Кафка. Како мотив и кореографска инспирација, претставата вклучува неколку раскази од Кафка, меѓу кои се: „Писмо до таткото“; Цитати од Ф. Кафка; „Пресуда“; „Писма до Милена“ и „Писма до Фелисија“; „Девојка и кукла“ и „Трансформација“ („Метармофоза“).Така да претставата е составена од 7 сцени, со време траење од 47 минути.
На екранот (во позадина) има проекции кои ги надополнуваат приказните во сцените. За време на претсатвата, на просцениумот (во аголот) е и изведувачот на амбиентална музика со неговиот ударен инструмент Handpan и придружните музички ефекти,во живо. Со комбинирање на различни стилови на танц со кореографии и овој тип на музичка изведба, се придонесува претставата да добие исклучително и посебно искуство за публиката.
Претставата “Безвременски прикаски” е независна продукција. Премиерната изведба беше изведена на 02.10.2024 година во МКЦ-Скопје.
Јануари
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Огласи