Репертоар

Events Calendar

Кенди - Театар „Златен Елец“
Петок, 08 Март 2024, 20:00

 

Кенди за веб страна

Драмски театар Скопје го отстапува својот простор како поддршка на независната сцена.

Според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС - Опции за здрав живот Скопје.
Адаптација и режија: Тамара Стојаноска
Музика: Лука Тошев / вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Фотографија: Стефан Самандов МОТ 2023
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Премиера: 23.10.2022, Младински културен центар (МКЦ) Скопје
Награди за најдобра претстава во селекција на домашна продукција „БИШ“ 2023

Улоги: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски

Информации и продажба на билети: 076/434343

купи билет

„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС - Опции за здрав живот Скопје. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко тргање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите. Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначаен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Проектот е во соработка со ХОПС - Опции за здрав живот Скопје.
Март
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи