Репертоар

Events Calendar

Те чекам - Независна сцена
Среда, 17 Септември 2025, 19:00

те чекам за веб

Автор и режија: Изабела Јакимова
 
Играат: Гоце Андонов, Ангела Лефкова + публиката
 
Продуцент и техничка поддршка: Сара Томевска
Кореографија: Јована Зајкова
Музички композиции: Бојан Димитровски
Продукција: Театар за тебе
 
Претставата трае 50-60 минути - во зависност од текот на интеракцијата!
Таргет група: 18+
 
Информации и резервации на 076/434343
Претстава за мажите што не плачат. За жените што чекаат. И за тишината што убива.
Оваа претстава зборува за наследените модели на тишина и насилство, и цената што ја плаќаме кога не умееме да зборуваме за емоциите. Преку интензивен дијалог, живи ситуации и директна комуникација со публиката, претставата ја отвора темата на ментално здравје, срамот и стравот од ранливост, особено кај мажите.
Претставата е работена по конвенции кои произлегуваат од отсек на применет театар, во овој случај ТЕАТАР НА ЈАВНОСТА. Тоа значи, дека истата е интерактивна
и во истата имаме вклучување и на луѓе од публиката. Претставата уште на почетокот го крши четвртиот ѕид, и создава чувство на заедништво и мото дека заедно сме во ова и заедно можеме да го решиме и разбереме.
Претставата се движи од сарказам до траума, од смеа до грч. Се игра и со публиката, која не е само сведок туку и учесник во личната исповед на еден човек, што доцна сфаќа дека неможноста да зборува- убива.
Оваа форма на театар која се користи за практични цели, со акцент на социјални, педагошки, терапевтски и политички аспекти. Се одлучивме да работиме токму по овие методи бидејќи Основната цел на применетиот театар не е само естетска или забавна, туку и да предизвика промени во општеството, да се решаваат проблеми или да се осветлат важни теми низ интеракција и искуства.
Септември
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи