Репертоар

Events Calendar

Лекција - Независна сцена
Вторник, 16 Септември 2025, 20:00

лекција за веб

Автор: Ежен Јонеско
Превод: Калиопа Петрушевска
Режија: РИЗЕСКИ
Кореографија: Бојан Мицев
Музички композитор: Антонио Ристески
Сценографија: Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорги Ризески
Костими: Колективно
Фотографија на плакат: Александар Вржалски
Фотограф: Александар Ефремов
 
Играат:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Димитрина Мицкоска Трајкоска
Милорад Ангелов
 
Техничка екипа:
Суфлер: Лидија Рогожарева
Раководител на сцена / тон мајстор: Ѓорги Чапов
Светло мајстор: Методи Саздов
Гардеробер: Верица Давчева
Декоратери: Перо Иванов, Александар Талевски, Даниел Крстевски
Продукција МОУШН НЕТВОРК, коподукција НУЦК „Ацо Шопов” Tеатар Штип
 
Информации и резервации на 076/434343
„Не е така. Воопшто не е така. Постојано имате порив да собирате. А треба и да се одзема. Не треба само да се припојува. Треба и да се одвојува. Така е во животот. Така е во филозофијата. Така е во науката. Во тоа е прогресот, цивилизираноста“.
Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на делото: „Лекција“. До него се стигна оправдувајќи го аспурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор.
Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на планетата земја - вршејќи на некој начин -
потполен од негов аспект - оправдан геноцид.
Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Meyerhold добива пристуство во играта како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата агресивност во делото, која се засилува се повеќе и повеќе од почетокот до крајот на играта - исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и поинтензивни.
Апсурдното на прв момент делува и невистинито - се додека не започнеме да се бавиме со него.
Септември
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи