Репертоар

Events Calendar

Folie a Deux - Независна сцена
Сабота, 13 Септември 2025, 20:00

folie за веб

Режија: Ѓорѓи Ризески
 
Улоги:
Јана Вељановска
Никола Милошевски
Продукција: Вортекс театар
 
Информации и резервации на 076/434343
Ова е претстава за љубовта. Поставена на сцената низ нејзиниот контраст - војната - во внатрешниот свет (домот) и надворешниот свет (татковината).
Универзална тема и претстава, каков што треба да биде и театарот - универзален... која на секој дел од светот би имала голем интерес ако биде поставена.
Војна, насилство, агресија, смрт насекаде - се само нормални секојдневни работи кои ги гледаат двата лика на сцената пореметени од воените конфликти низ нивниот живот кои ги донел до делириум. До стадиум на пореметување.
Стилот на хиперреализам доминира на сцената и авотрскиот тим на најреалистичен директен начин ги претставува грозоморните ситуации кои произлегуваат од војната на сцената.
Се претставуваат многу контрасти на љубовта - а таа не постои никаде. Никогаш во делото не се спомнува зборот љубов, ниту пак истиот се игра. Затоа претставата има соджржина која многу остро предупредува - за ситуацијата во
која се наоѓа овој брачен пар. Каде војната лудува, заедно со сите жртви нејзини во неа.
Делот „забава“ е сеприсутен низ целата претстава иако се работи за мрачна грозоморна тематика. Хуморот е претставен многу вешто, на апсурден начин од авторот кој вешто си поигрува со стилот на пишување имајќи на ум во каков
стадиум се наоѓаат ликовите. Но хуморот е релистичен и лесен, никако насилен - како војната, која ја има насекаде.
Оваа претстава преку продукцијата на театарот има за задача да гостува низ повеќе театри во светот и секоја изведба всушност да се случува во различен театар. По тоа следува, дека оваа претстава е една мобилна форма на апсолутен патувачки театар кој својот дом го наоѓа низ светот.
Септември
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи