Репертоар

Events Calendar

Слугинки - Независна сцена
Четврток, 11 Септември 2025, 20:00

слугинки за веб

Автор: Жан Жене
Режија и адаптација: Теодора Силјаноска
Сценски движења: Aлександра Вељкович
Фото и дизајн на плакат: Михаил Велески
 
Играат:
Соланж - Марија Кондовска
Клер - Кристина Гиева
Мадам - Ванеса Тримчевска
 
Информации и резервации на 076/434343
купи билет
„Лесно е да се биде добар, љубезен и нежен кога си богат. Пробај да бидеш добар кога си слуга”.
„Слугинки“ е претстава за светот што ги голта своите луѓе и го става моралот на тест. Oваа трагикомична едночинка го истражува здодевниот карактер на секојдневието на луѓето кои, и покрај сопствените тешкотии, научиле да се смеат на својот живот и продолжуваат да се борат за индивидуалната смисла.

Претставата ја открива динамиката на современиот свет, во кој човекот лесно може да се изгуби, да ги заборави своите основни вредности и да се трансформира во нешто сосема ново, понекогаш и деформирано. Преку анализа на општествената позиција, личната ситуираност и хиерархијата, „Слугинки“ истражува како овие фактори влијаат на нашето постоење и какви компромиси правиме за да ја задржиме својата човечност.

Претставата е приказна за двојноста на човекот, кој балансира на ивицата помеѓу гротеската и реалноста, во свет каде што играта за моќ често го погазува оној кој единствено мечтае за подобро утре. Дали за него има место под сонцето, денес?
Септември
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи