Репертоар

Events Calendar

Казабалкан
Петок, 17 Јануари 2025, 20:00

Казабалкан за веб

Автор: Горан Стефановски
Режија: Дамјан Костовски
Продуцент и сценограф: Екатерина Николовска
Костимограф: Екатерина Добривојевска
Композитор: Бојан Филиповски
Улоги: Мирјана Трпковска Коствска, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Јана Вељановска, Васко Костовски, Марина Поп Панкова, Христијан Поп-Симонов, Теоман Максут и Саша Димитриевска.
Цената на билетите е 400 денари.
Информации и резервации на 076/434343 или на karti.com.mk.
Драмскиот текст Казабалкан претставува вистински предизвик и одговорност да се постави во ова време, не само затоа што станува збор за текст на Горан Стефановски, туку затоа што како главна тема на оваа драма е војната.
Претставата Казабалкан зборува за индививуата во време на војна каде љубовта и основниот инстинкт за преживување го мотивираат човекот да поверува во чуда.
Во претставата Казаблакан, Зора измислува приказна за да ја утеши својата ќерка Јана која одбива да верува дека татко и е убиен во војната. Дејството се одвива во Лондон и на бродот Казабалкан. Ликовите на бродот се сликата на луѓето кои војната ги создава, бескруполозни, сурови и себични.
Дејството во оваа претстава стилски и жанровски се развива од реализам до драма на апсурд, па поради тоа претставата гради специфичен јазик и една надреална димензија на односи помеѓу ликовите. Духовитоста на оваа „трагедија“ ги руши рамките на стандардното гледање и доживавње на делото и на брехтовски начин заедно со музиката и едноставноста во сценографијата оваа претстава станува комнетар на лицемерното време кое го живееме.
На крајот Јана сфаќа дека нејзината мајка ја измислила приказната и дека татко ѝ не е жив. Таа од наивно дете на почетокот на претставата, на крајот созрева, ја сфаќа сериозноста на животот и одлучува да ја превземе улогата на родител и таа да ја утеши својата мајка.
Јануари
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Огласи