Репертоар

Events Calendar

ИДНИНА - РУТА - Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија и Београдско драмско позориште, Р. Србија
Недела, 20 Октомври 2024, 20:00

МГЛ

Режија: Жига Дивјак

Улоги: Бернарда Оман, Грегор Груден, Лара Волф, Изток Драбик Југ, Грегор Зорц, Лотос Шпаровец, Милена Васиќ, Јана Бјелица, Марија Пикиќ, Милан Зариќ, Стефан Старчевиќ, Милан Колак

 
 Информации и резервации на 076/434343
 

купи билет

Превод: Сашо Пуљаревиќ
Драматург и асистент на режија: Грегор Зорц
Сценограф: Игор Васиљев
Костимограф: Тина Павловиќ
Композитор: Блаж Грацар
Извршен продуцент: Симона Беле
Дизајн на светло: Борут Бучинел
Асистент на сценографот: Исидора Спасиќ
Организатори: Бојана Мишиќ Дрнда
Инспициент: Оливера Милосављевиќ
Координатор на проектот: Нина Стрмоле

Човековиот отпад, видливиот и невидливиот, патува низ огромните атмосферски слоеви и големите океански струи. Се распослал во далечините се‘ до папокот на океанот, до осамениот атол две илјади километри одалечен од најблиската цивилизација. Се акумулирал и во телото на верниот албатрос, кој стотоци и стотици километри, долги години собира храна за своите младенчиња и така отпадот завршува во утробата на младиот албатрос.
Милиони и милиони години летање над морето, неброени албатроси кои се грижеле да го зачуваат своето потомство и да го продолжат својот вид, доаѓаат во допир со човековата генијалност, материјалот стар помалку од 100 години – пластиката. Хемикалиите, пластиката, живите суштества и нивните сродници, обврските, се релации комбинирани во комплексната мрежа на меѓусебни влијанија.
Иднина е претстава скриена во оваа мрежа на меѓусебни влијанија.
Жига Дивјак е еден од највлијателните млади словенечки режисери, кој со своите општествено ангажирани претстави ги обработува најактуелните општествени теми. Општествената ангажираност ја користел во својата работа уште како студент кога со проектот „Непосредно пред револуцијата“ (2013-2015), во кој тргнува од претпоставката дека театарот може да влијае и постепено да го трансформира општеството, го здобил вниманието на јавноста.
Во тој дух и со нов режисерски пристап создал многу значајни претстави во повеќе словенечки театри. Добитник е на две „Борштникови награди” за режија: 2017 за продукција „Човекот што го набљудуваше светот” на (СМГ) и 2021 за продукцијата „Гејм” на (СМГ и Институтот маски). За режијата во „Претставата 6” (СМГ) во 2018 година ја добил главната Борштникова награда за најдобра претстава. Жига Дивјак во 2021 година ја добил Жупанчиќевата награда за режија. А на 51. „ Недела на словенечката драма” во Крањ ја добил специјалната за изведба на претставата „Гејм”.
Претставите „Седум дена“ (2019) и „Седименти“ (2022), се исклучително антрополошки студии на секојдневието, прифатени со огромно задоволство од публиката на МГЛ. Одличен одзив имале и останатите негови претстави: „Слугата Јернеј и неговото право“ во продукција на Цанкаревиот дом во Љубљана, „Во зори“ (по текстовите на Цанкар) и Конс. „Ново време“ работена по текстовите на Конс во продукција на Театарот на Прешерн од Крањ. Ја режирал и претставата „Диши“ по текст на Данкан Макмилан и „Горештина“ во Словенечкиот младински театар.
Сезоната 2023/2024 е трета сезона на соработка на режисерот Жига Дивјак со МГЛ од Љубљана.
Октомври
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Огласи