Репертоар

Events Calendar

Вернисаж
Четврток, 21 Март 2024, 20:00

 

   ЗА ВЕБ СТРАНА

Автор: Вацлав Хавел

Режија: Теа Беговска

Улоги: Роберт Вељановски, Предраг Павловски, Гордана Ендровска

Информации и резервации: 076/434343

купи билет

 

 

Превод: Никола Маџиров
Сценографија: Енес Деари
Визуелизација и анимации: Милчо Узунов
Композитор: Енес Беговски
Костимографија: Раде Василев


“Откривање” или “Вернисаж” на Вацлав Хавел е смешен коментар на маргинализираниот човек. Брачен пар кој е тотално заслепен, маѓепсан од материјализмот и конзумеризмот на животниот век, кој ги прави и самите нив жртви на еден добро обмислен општествен систем. Конвенционален свет во кој дури и среќата е на некој начин организирана. Љубовта како највисока човечка свест е исто така организирана и однапред испланирана. Нивниот нов “проект” за конвенционализирање е пријателот кој им доаѓа на гости. Брачниот пар го “напаѓа” со помпезно фалење и расфрлање со коментари за нивниот прекрасен живот и “откривање” на нивните изложени антиквитети. Всушност Вернисаж е една “изложба” на денешнто човечко битие. Нивното откривање не престанува да биде смешно, а истовремено и апсурдно, бидејќи “нападот” кон пријателот станува до тој степен агресивен, што и самата среќа за која зборуваат добива агресивна форма со која треба да се напаѓа, а потоа да се преработи. Среќата како емоција овде е “изглумена”, преглумена, нема никаво суштинско и природно значење. А денес одредени емоции, меѓу кои и среќата, играат во интерес на креаторите на опшетстевните состојби, и нивна основна задача е одржување на овие состојби. Во суштина нивната главна улога е: маѓепсување, успивање, оржување на ниско ниво на свест кај сеопштата толпа. На овој начин се креира еден вештачки свет на вештачко однесување, вештачки начин на живот, вештачки брак. И во тој вештачки свет имаш само еден избор – да станеш и ти вештачки ако сакаш да се вклопиш во тој систем. Главната парадигма е – вклопи се за да преживееш. Помпезното “Откривање” на новиот дом на брачниот пар не’ тера да се запрашаме дали и колку сме откриени ние. Дали вака треба да се откриваме, а ако не вака, тогаш како? Изолацијата не’ натера да седиме во четири ѕида, без да не’ праша дали сакаме, дали ни е убаво. Не’ натера да поминуваме време со луѓе (партнери) со кои можеби и не се познаваме доволно добро. Не сме си се откриле доволно еден на друг. Оваа претстава е само еден мал дел од тоа откривање, а во тоа главното прашање - Кој е пријателот кој треба “да ни дојде на гости” за да се отркиеме и освестиме целосно, а можеби и не... Mногу работи во театарот се веќе кажани, но, и многу од нив треба пак и повторно и повторно и одново и одново и од почеток и од почеток да се повторат – како потврда за оној магичен круг кој го нарекуваме сцена на која актерот дише. Времето е бесконечна категорија. Нешто што не можеш да го допреш, нешто што не може ниту да се одземе, ниту да се даде. Времето во животот и сценското време е она што не’ оддржува во живот, што ни дава пулс од време на време да кажуваме и правиме важни работи.
Март
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи