Националната установа Драмски театар Скопје објавува конкурс за доделување награда на македонски автор до триесет години за најдобар драмски текст. Рокот на поднесување на пријавите е 28 февруари 2026 година. Националната установа Драмски театар Скопје објавува конкурс за доделување награда на македонски автор до триесет години за најдобар драмски текст. Рокот на поднесување на пријавите е 28 февруари 2026 година. ФОРМА И СОДРЖИНА НА КОНКУРСОТ Конкурсот за избор на најдобар драмски текст од македонски автор до триесет годишна возраст содржи: Општи информации; Конкурсот за избор на најдобар драмски текст од македонски млад автор на возраст до триесет години (во понатамошниот текст Конкурс) има за цел да ја афирмира современата македонска драма, да го поттикне македонското драмско творештво и да го одржи континуитетот на македонското драмско писмо. Право на учество; Право на учество на конкурсот за најдобар драмски текст имаат само автори кои се македонски државјани и се на возраст до 30 (триесет) години. Приоритети; Пријавениот драмски текст треба да биде неизведуван и да биде оригинално авторско дело, а не драматизација или адаптација на романи, новели или мотиви на постојни драмски дела. Оценување и критериуми; Оценувањето на пријавените драмски текстови и изборот го врши Комисија за избор на најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години, формирана од директорот на НУ Драмски театар Скопје, а усвоена од Управниот одбор на НУ Драмски театар Скопје. Начин и рок за поднесување на потребната документација; Пријавата за учество на Конкурсот за избор на најдобар драмски текст од македонски млад автор до триесет години се поднесува на пропишан образец што е прилог на овој правилник и истата задожително содржи: -лични податоци за авторот (име, презиме, единствен матичен број на авторот и датум и место на раѓање); -кратка биографија, и -телефон и адреса. Кон пријавата за учество на конкурсот, кандидатот задолжително доставува и документ за идентификација (лична карта или патна исправа) заради докажување на возраста и државјанството, како и 5 (пет) оригинални примероци од драмскиот текст, кои не се враќаат. Еден автор може да достави само 1 (еден) драмски текст. Еднаш разгледан драмски текст доставен на Конкурсот не може да биде повторно понуден за разгледување во друг нареден објавен Конкурс за избор на најдобар драмски текст од македонски автор до триесет годишна возраст. Пријавата, заедно со сите примероци од драмскиот текст се доставува во затворен коверт до НУ Драмски театар Скопје, со назнака “за учество на конкурс за најдобар драмски текст од млад автор до триесет години “. Рокот за поднесување на пријавата и останатата потребна документација е 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот. Доколку драмските текстови се испратени со препорачана поштенска пратка, ќе се прифатат оние кои се благовремено доставени со дата на печатот заклучно со петнаесетиот ден од објавата на Конкурсот. Разгледување и одлучување за резултатите по поднесените драмски текстови на Конкурсот; Комисијата ќе ги оценува поднесените драмски текстови во согласност со следниве критериуми: - примената на драматуршките правила (драмската структура, драмскиот модел, жанровска доследност, структура на карактерите, акутноста на драмското дејство и квалитетот на драмскиот дијалог и јазичните изразни средства); -степенот на влијание на текстот врз квалитетот на културниот живот на заедницата; -квалитетот на иновативноста на содржината на драмскиот текст, и -оригиналноста на пишаниот текст на македонски јазик, а кој претходно не бил објавуван и јавно изведуван. Дополнителни информации; Комисијата има право да не додели награда доколку одлучи дека квалитетот на поднесените драмски текстови е незадоволителен. Соопштување на резултатите; Претседателот на комисијата, со помош на членовите, го подготвува текстот на Одлуката за добитникот на наградата, соопштението и образложението со кое ќе се објави добитникот на наградата „Горан Стефановски” за најдобар драмски текст од македонски млад автор. На посебно закажана прес-конференција претседателот на комисијата, во присуство на сите членови, го соопштува добитникот на наградата во престет на 27 април, денот на раѓање на Горан Стефановски. Добитникот на наградата „Горан Стефановски“ не смее самостојно да ја информира јавноста и се обврзува на молк сè до официјалната прес-конференција. Врачување на наградата Наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од малад автор до 30 годишна возраст се доделува на посебна свеченост. На свеченоста зборуваат еден од членовите на Комисијата и Директорот на НУ Драмски театар Скопје. Наградениот автор добива плакета и преддоговор за изведба на драмскиот текст во програмата на НУ Драмски театар Скопје во наредните две години од денот на доделувањето на наградата и парична награда во висина од 60.000,00 (шеесетилјади) денари. Добитникот на наградата ќе потпише Авторски договор со НУ Драмски театар Скопје согласно кој театарот се обврзува да го инкорпорира наградениот драмски текст во предлог-програмата на театарот и да го продуцира со изведба на малата сцена или на сцената „Ристо Стефановски“ во театарот во рок од две години сметано од денот на завршување на Конкурсот. Авторот се обврзува да не го оттуѓува текстот поточно авторското право на други правни и физички лица сè до праизведбата во НУ Драмски театар Скопје. Пријавата за учество на конкурсот се состои од : Пополнет формулар достапен во прилог -лични податоци за авторот (име, презиме, единствен матичен број на авторот и датум и место на раѓање); -кратка биографија, и -телефон и адреса. Кон пријавата за учество на конкурсот за избор на најдобар драмски текст од македонски млад автор до триесет години, кандидатот задолжително доставува и документ за идентификација (лична карта или патна исправа) заради докажување на возраста и државјанството, како и 5 (пет) оригинални примероци од драмскиот текст, кои не се враќаат. Рокот на поднесување на пријавите е 28 февруари 2026 година.