Александар Степанулески

(2 август 1987, Прилеп)

Дипломира на Факултетот за драмски уметности (2010), каде и магистрира (Активниот актерски ангажман го започнува во  НУ Прилепски театар (2013-2014) за подоцна да премине во Драмски театар Скопје (2014-). Покрај актерскиот ангажман во Драмски театар Скопје, тој е активен учесник во образовниот процес како доцент на катедрата  по актерска игра  на Факултетот за драмски уметности (2011-).

Селективна театрографија:  Јоже (Ждрело, 2014); Секирата (Капетанот Џон Пиплфокс,); Љубовникот (Безљубни, 2015), Фелдмаршалот Сигфрид Поњатовски (Еригон, 2015); Борис (Буре Барут, 2016), Капетанот (Снежана и седумте џуџиња, 2016); Прв вицеадмирал (Кристофор Колумбо, 2016).

Селективна филмографија: Тврдокорни (2013); Три во едно (2014).

Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ за улогата на Клигула во претставата „Калигула” во продукција на НУ Прилепски театар на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп , 2012). 

Јуни
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Огласи