Репертоар

Events Calendar

Отело - РУТА
Недела, 08 Октомври 2023, 20:00

 

РУТА за веб

Автор: Вилијам Шекспир

Режија: Оксана Дмитриева

 

Информации и продажба на билети: 076/434343

Копродукциски проект помеѓу театар Улисис и Сараевскиот воен театар САРТР Драматург: Нејра Бабиќ

Соработници на проект: Раде Шербеџија,Ленка Удовички

Сценограф и костимограф: Михајло Николајев

Композитор: Катерина Палачова

Асистент на проект: Ајша Џухериќ

Кореографија: Ина Фалкова

 

Улоги: 

Eрмин Браво, Албан Укај, Ана Марија Брџановиќ, Давор Сабо, Маја Салкиќ, Јасенко Пашиќ, Снежана Богичевиќ, Аднан Крешо, Ален Коњиција, Мак Ченгиќ

 

Живееме во време на војни кои постојано нѐ пратат, а од 24.2.2022 година над нас е сенката на војната во Украина. Како луѓе и уметници важно е да проговориме, да дејствуваме и да поставуваме прашања. Едно од најдлабоките чувства кое го носам со себе како лично искуство од времето на деведесеттите години од минатиот век, е чувството на шок, дезориентација, страв и осаменост што се случува кога ќе осознаете дека се соочувате со она што е непоимливо... Војна. Во тој миг на соочување со најинтимните длабочини на човековата душа и природа, од непроценливо значење ми беше пружената пријателска рака.

Оттука, преку оваа соработка, ја изразуваме нашата солидарност и поддршка со нашите колеги уметници од Украина. Оксана Дмитрииева го предложи текстот „Отело“ како приказна за херој кој по војната мора да продолжи да живее во мирновременско опкружување. Да, тоа е тоа. Шекспировата генијалност повторно нѐ поврзува.

Ленка Удовички
Октомври
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи