Репертоар

Events Calendar

Самрак на боговите - РУТА
Сабота, 07 Октомври 2023, 20:00

 

РУТА за веб

Автор: Ивор Мартиниќ

Режија : Јагош Марковиќ

 

Информации и продажба на билети: 076/434343

Јазична адаптација:Живана Рашковиќ

Сценограф и костимограф: Јагош Марковиќ и Бојана Никитовиќ

Сценски говор: Др.Лилјана Мркиќ Поповиќ

Продуцент: Срџан Обреновиќ

Инспициент: Дејан Поповиќ

Помошник режисер: Ксенија Ќирица

Асистент режисер: Тара Лазаревиќ

Асистент костимограф:  Петра Фотез

 

Улоги: 

Александар Алаќ, Бранка Катиќ, Исидора Симијоновиќ, Владан Милиќ, Павле Пекиќ, Јово Максиќ, Милан Ќуќиловиќ, Милица Зариќ

Вања Ненадиќ, Мина Ненадовиќ

 

Ивор Мартиниќ, низ специфичната драматуршка стилизација на познатиот филм на Лукино Висконти (1969), го почитува временскиот редослед на моралното пропаѓање и политичкиот раст и богатење на семејството Фон Ашенбек (алузија на познатото семејство Круп), кое започнува со палењето на Рајхстагот во 1933 година, а завршува во Ноќта на долгите ножеви во 1934 година. Сѐ е споено, подобро кажано сведено на една призрачна ноќна прослава на падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот. Софистицираната роденденска прослава прераснува во брутална, крвава „игра на столовите“ во која во секој круг некој е исфрлен, поточно го губи животот, а маските на цивилизациската надградба (скрупили, емпатија, самоконтрола) забрзано паѓаат, откривајќи ја вистинската смисла, во последната слика, на оваа бестијална игра на моќ. Јагош Марковиќ во третата соработка со БДП ќе каже: „Мораме да посведочиме, мораме едни на други да си кажеме – за да не помислиме дека сѐ е во ред, за да не отрпнеме, да не заборавиме. Е токму затоа Самрак на боговите.“
Октомври
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи