Репертоар

Events Calendar

Декамерон - РУТА
Среда, 04 Октомври 2023, 20:00

 

РУТА за веб

Автор: Џовани Бокачо

Режија: Дејан Пројковски

 

Информации и продажба на билети: 076/434343

Копродукциски проект на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Јавна установа културни центар Бар - Фестивал Барски летопис

Драматург: Стеван Копривица

Сценограф: Валентин Светозарев

Костимограф: Марија Пупучевска

Композитор: Горан Трајковски

Сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ

Корепетитор: Рената Перазиќ

Асистент на режија: Бранка Кнежевиќ

Асистент на драматург: Сашо Димоски

Дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ

 

Улоги: 

Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ, Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ, Драгиша Вељковиќ

 

Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел  да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања.

Дејан Пројковски

Стеван Копривица Информации и продажба на билети: 076/434343
Октомври
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи