Автор: Томас Винтерберг, Морген Руков и Бо Хр. ХансенРежија: Зоја Бузалковска Премиера - 16.11.2018 Драмата FESTEN од Дејвид Елдриџ е всушност адаптација на филмското сценарио со истоимен наслов, чии автори се Томас Винтерберг, Могенс Руков и Бо. Хр. Хенсен за првиот ДОГМЕ филм снимен во 1998 година. Драмскиот текст е напишан и праизведен во Алмеида театарот во Лондон во 2004 година и со голем успех изведуван на многу европски и светски театарски сцени. Во Македонија, овој современ, атрактивен материјал за работа, дури сега ја доживува својата праизведба. FESTEN или ПРОСЛАВА е драма која се занимава со расчистување со хипокризијата на „здравото“, „големо“ патријархално семејство, преку следење на настаните на една семејна прослава во која се одбележува шеесеттиот роденден на таткото Хелге. Прославата се одвива во мрачната сенка на самоубиството на една од ќерките на Хелге, близначка со неговиот постар син, Кристијан, настан кој се случил неодамна.Драма на односи, на внатрешни конфликти. Сложена психолошка приказна, која овозможува возбудлива потрага по најскриените човекови мисли и чувства, потрага која ги испитува границите на издржливоста. Драма за мирната површина и за подземните води, за глазурата и за она што се крие под неа, за тоа колку е тешко да се раскринка светот обмотан во цврстата обвивка на лажниот сјај и идилична атмосфера во која семејството и иднината на децата е најважно од сѐ. Томас Винтерберг, режисер на филмот, кој и самиот има напишано сценска верзија што ја обиколи Европа, вели дека ја одобрува и британската верзија. „Кичма на приказната е речиси класична театарска драма, војна меѓу два лика во иста соба и поради ДОГМЕ правилата, силината на приказната не е во визуелните ефекти. Таа е во зборовите и изведбата, кои се единствените преживеани на театарската сцена“.Во современата драматургија е навистина тешко да се најде драма која длаби по меѓучовечките односи по теркот на големите автори како Чехов, Ибзен или Стриндберг. Во оваа драма, секој од ликовите има свој простор, свој свет, свој удел во конфликтот и свој однос кон разрешувањето на проблемот што се третира. Претставата FESTEN се обидува да го следи ваквиот ракопис и да го зголеми влогот, но истовремено и да го доближи јазикот на театарот до ДОГМЕ филмскиот јазик. Зоја Бузалковска, режисер Сценска адаптација: Дејвид ЕлдриџРежија: Зоја БузалковскаПревод: Благоја Б. БошковскиДраматург: Александра БошковскаСценографија: Тодор Дајевски, Зоја БузалковскаКостимографија: Марија ПупучевскаСценски борби: Дарко ВељиќАсистент на режија: Димче НиколовскиИзработка на плакат и звучни ефекти: Павле ИгновскиДизајн на светло: Звездан МиљковиќИнспициент: Гоце БојчевСуфлер: Жаклина ЦветковскаЦртеж на плакат: Здравко ГировТон мајстор: Чедомир МладеновскиСветло мајстор: Митко РизовШминка: Јана Гугушевска Мандевска Кристијан - Александар СтепанулескиМихаел - Дејан ЛилиќХелене - Соња СтамболџиоскаХелге - Диме ИлиевЕлзе - Лилјана ВелјановаМете - Емилија МицевскаХелмут - Димитрија ДоксевскиПоул - Лазе МанасковскиДедото - Ѓорги ТодоровскиПија - Тамара РистоскаКим - Предраг ПавловскиЛарс - Златко МитрескиГбатокаи - Дениз АбдулаДевојчето - Анастасија Аневска Премиера: 16.11.2018