Автор: Томас Бернхард Режија: Мирјана Медојевиќ Премиера - 25.12.2019 по мотиви од драмата на Томас Бернхард Автори на текстот на претставата се учесниците во процесот Режија: Мирјана Медојевиќ Драматургија: Нина Зупанчич и Викторија Рангелова Композиција и избор на музика: Ина Пунтар Преведувачка на тектот на Томас Бернхард: Елизабета Линднер Простор: Симона Димковска, Златко Митрески и Мирјана Медојевиќ Костими: учесниците во процесот Асистентка на режија и драматургија: Драгана Гунин Дизајн на светло: Златко Митрески и Мирјана Медојевиќ Инспициент на претставата: Жарко Намичев Во претставата играат: Наталија Теодосиева Ина Пунтар Гордана Ендровска Стефан Вујисиќ Златко Митрески Во претставата се спомнуваат: Александар Степанулески Викторија Анѓушева Ана Костовска Дамјан Цветановски Јасмина Василева Владимир Петровиќ Викторија Рангелова Жарко Намичев Андриј Жолдак Андраш Урбан Оливер Фрњиќ Дејан Мијач Македонски народен театер Гробишта Бутел, Скопје Гробиште Гринцинг, Виена Посебна благодарност на: Параскева Теодосиева, Вања Лазарова, Горан Стефановски, Ристо Стефановски, Aлександар Сариевски, Глен Гулд “мораш целосно да ги отвориш завесите за да влезе свеж воздух” Томас Бернхард, Плоштад на хероите Да се избере последниот текст на големиот модерен писател кој својот живот го посветил на уште поголеми теми - самоубиството и присуството на фашистички обрасци кај секој човек во неговата родна Австрија, со себе го носи бремето на историјата и очекувањата; текст, кој предизвикал скандал пред 31 година, кога наместо да ја одбележи стогодишнината на Виенскиот Бургетер, за којшто бил и нарачан, тој ја одбележал педесетгодишнината од Аншлус и веселиот извик на толпата која го пречекува Хитлер на плоштадот „Херои“ во Виена. Текстот е како кромид, кој треба внимателно да се излупи за од него да настане претстава во Северна Македонија, на Католички Божиќ во 2019 година во Драмскиот театар на улица „Шекспирoва“ 15 во Скопје - далеку од Бургетер, каде што уште пред да се случи претставата предизвикала скандал и кулминирала со 45-минутно свиркање и ракоплескање за време на премиерата и со смртта на авторот 3 месеци подоцна. Исто како што Бернхард црпел инспирација од животот, од својот и на другите, така и претставата одговара на тие мотиви и од нив креира сценска фикција. Екстремното стилско повторување, типично за авторот, во процесот настана како преиспрашување на позициите на секој од нас, кај оној што ќе ја гледа или нема да ја гледа претставата. Бернхард црпи од телото на секојдневниот човек, за да може да му постави огледало во кое се гледа и се смее на самиот себе, невино и искрено како дете, кое се криви и се смее на одразот и сопствената претстава. На тегобноста која што обично ја носат класичните дела и се приближивме со леснотија. Темите кои најчесто се преоптоварени со табуа или замаглени од интелектуални дебати ги направивме достапни за сите. Или можеби не, театарот е и место за избор, да се отвори или да не се отвора, да се дозволи или да не се дозволи, да се истражува или да се избега? Смеа, хумор - еден од ретките моменти каде егото се повлекува, отстапувајќи простор за креирање и отстапувајќи му простор на театарот како неповторлив настан. Претставата се обидува да го разбуди театарот што извира од двајцата кои се клучни за него - актерот и гледачот - и нивниот компромис да си допуштат, да си играат. Комедијата на апсурд која е присутна во сите текстови на Бернхард, раѓа tip ludens, органска претстава која се создава со токму таквиот гледач секој пат кога е пред него поставена. Мирјана Медојевиќ, режисер