Additional Info

  • Календар во претстава:
    Октомври
    П В С Ч П С Н
    30 1 2 3 4 5 6
    7 8 9 10 11 12 13
    14 15 16 17 18 19 20
    21 22 23 24 25 26 27
    28 29 30 31 1 2 3

Најава

Крал Иби

Автор: Алфред Жари
Режија: Васил Христов

Премиера - 23.1.2019

Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.

Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку  главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Во таа смисла Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.

Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век.

- Васил Христов

Адаптација на текст и режисер: Васил Христов
Сценограф: Тодор Даевски и Васил Христов
Костимограф: Розе Трајчевска Ристовска
Дизајн на светло: Ѕвездан Миљковиќ
Тон мајстор: Димитар Илиоски
Светло мајстор: Дејан Блажевски
Изработка на видео материјал и фотограф: Душан Кардалевски
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева

Игор Ангелов: Тато Иби
Биљана Драгиќевиќ Пројковска: Мама Иби
Зоран Љутков: Бордир
Сања Арсовска: Бугрелав
Филип Трајковиќ: Офелија
Софија Куновска: Кралицата
Предраг Павловски: Кралот
Јана Стојановска: Болеслав
Долорес Поповиќ: Ладислав
Катерина Шехтанска Лаковски: Вештерка I
Маја Вељковиќ Пановска: Вештерка II
Емилија Мицевска: Вештерка III
Тамара Ристовска: Народот
Игор Георгиев: Наратор

Премиера: 30.12.2018 година