Additional Info

  • Календар во претстава:
    Септември
    П В С Ч П С Н
    26 27 28 29 30 31 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 1 2 3 4 5 6

Венецијански Трговец

од Вилијам Шекспир
Режија: Наташа Поплавска
Драматизација: Дарко Спасов

Венецијански трговец е еден од најмалку изведуваните драмски текстови на Вилијам Шекспир, дело со кое уште еднаш се потврдува 400 годишната актуелност на авторот. Во оваа траги - комедија Шекспир успева вешто да создаде целина од најмалку три приказни. За првата тема, да се отсече половина килограм човечко месо која е од ориентално потекло Шескпир се послужил со еден расказ од збирката Pekorne (Глупак) на италијанскиот автор Џовани Фјорентино, потоа се смета дека приказната за ќерката бегалка е непосредно превземена од комедијата  Евреинот од Малта, од Марлоу, а темата за богатата наследничка се смета дека е превземена од приказната Gesta Romanorum за римскиот цар кој за сакал да го жени својот син. Истовремено Шекспир ги отвара темите на љубовта, милоста и правдата наспроти парите, омразата и одмаздата. И токму поради копмплексноста на темите ова дело ја поместува  рамката на класичната комедија.

Во македонската театарска историја Венецијанскиот трговец ја дожува својата втора постановка по точно 46 години. Прв пат ова дело е поставено во 1970 г во постановка на режисерот Хуго Клајн (МНТ), а во улогата на Шајлок се појавува нашиот актерски великан Петре Прличко.

И токму тука е големината на Шекспир, што ни остава можност да ги отвориме проблемите стотици години подоцна и тие да се свежи, а истовремено е фасцнинтно како неговите теми се сеуште и секаде актуелни.

Процес – едукација

На отворената аудиција за избор на актери за Шекспировото дело кое прерасна во претстава Венецијански трговец се пријавија 78 актери и актерки на возраст од 22 - 40 години. Тоа ми кажа дека ова ќе биде претстава за која сакам да истражувам и талкам по патчињата на театарските почетоци. Пробав да замислам како се создавал театар во времето на Шекспир, се потрудивме да раскажеме приказна на наш начин, да ја погледнеме низ наши очи, денес. Сoздадов актерска екипа во која се вмрежуваат занаетот, искуството со талентот и младешката енергија.

Инспирирана од љубовта што ја видов во очите на идните млади актри и актерки кон она што допрва треба да биде нивниот поход во освојување на  театарските сцени, решив да понудам едукативно-креативен процес преку кои сите заедно же тргнеме од Шекспир и Елизабетнскиот театар во кој што сите големи улоги биле ги играле мажи .За  ќенските улоги биле избирани млади момчиња на кои гласовите сеуште им се нежни, а машките улоги ги толкувале повозрасните актери. Во ретки исклучоци имало и жени актерки кои ги толкувале најспоредните улоги или толкувале машки улоги за да не бидат откриени.  За разлика од Англија во Италија се појавуваат и жени актерки кои се дел од commedia dela arte театарот која како за шекспир така и за нас беше и основа од која што тргнавме во нашиот процес.

- Наташа Поплавска

Играат:
Јана Стојановсka
Диме Илиев
Јовица Михајловски
Анастас Тановски
Златко Митрески
Зоран Иваноски
Дамјан Цветановски
Стефан Вујисиќ
Григор Јовановски
Јаков Спасов
Марко Илиќ
Сергеј Димоски

Сценографија: Емил Петров
Костимографија: Александар Ношпал
Кореографија: Ирена Лозинска
Сценски Движења: Маја Митиќ