од Александар Русјаковрежија: Синиша Евтимов „Атена со пенис“ е сценска адаптација на истоимениот роман на Алек Русјаков која од комична позиција се занимава со се’ поизразената деградација на општествените, семејни и културни вредности. Во фокусот на дејството е Виктор Велков, просечен, средовечен македонски „шалабајзер“ и самоповикан гуру на турбофолк сцената. Виктор живее лесен, удобен и безгрижен живот, а ненадејната смрт на татко му и очекуваното наследство, ветуваат уште побезгрижни денови во иднина. Но, како што обично бива, на читањето на тестаментот работите добиваат сосема неочекуван тек. Обидувајќи се да извлече максимум од новонастанатата збунувачка ситација, Виктор презема низа дејствија врз кои бргу губи секаква контрола... Играат:Рубенс МуратовскиКатерина КоцевскаЛазе МанасковскиЗоран ЉутковЈана СтојановскаГордана ЕндровскаФилип ТрајковиќКалина НаумовскаЕмилија МицевскаБлагица ДимитровскаАлександар СтепанулескиВанчо ПетрушевскиГоце ТодоровскиДиме Илиев Сценографија: Милан Несторов и Александар НошпалКостимографија: Александар НошпалАсистент костимограф: Андреј ЃоргиевскиМаски: Ѓорѓи Ѓорѓиевски Инспициент: Гоце БојчевСуфлер: Жаклина ЦветковскаToн - мајстор: Чедомир МладеновскиСветло - мајстор: Митко Ризов