Additional Info

  • Календар во претстава:
    Март
    П В С Ч П С Н
    26 27 28 29 1 2 3
    4 5 6 7 8 9 10
    11 12 13 14 15 16 17
    18 19 20 21 22 23 24
    25 26 27 28 29 30 31

Најава

Лет над кукавичјото гнездо

од Дејл Васерман / Кен Киси
Режија: Ристо Алексовски

Дами и господа,

Добре дојдовте... овде во ова наше мало одделение ќе можете да го видите најлудиот карневал што некогаш поминал низ вашиот град, само за вас, Човекот бомба и неговиот другар, кој продава непотребни работи и гледа нешта што никој не може да ги види. Само за ваше задоволство, една жена со брада која, всушност, и не е баш жена и нема баш брада ама со сигурност гледа на дланка, младо дете кое не сака да брка женски ама затоа има еден прекрасен однос со неговата прекрасна мајка (можеби не звучи толку забавно, но овој младич чекајте да видите како ќе отвори)... овде, само за вас, две пријатни индивидуи кои ќе се грижат за вашата сигурност и кои обожаваат да чистат, да се закачат и на некаков начин да одржуваат некаков ред потпомогнати од една слатка млада дама која сака да запишува сè и што се кажало, а богами, и што секој од вас има направено. За нештата да бидат симпатични ќе се погрижат две млади дами кои се задолжени секоја забава да ја зачинат до врескање. За вашето општо здравје имаме обезбедено лекар со длабоко и интимно познавање на фармакологијата и иновативните /никогаш нефункционални/ методи за терапија. Целото ова го зачинуваме со најголемиот Индијанец што некогаш сте го виделе и неговиот комбајн што меле сè пред себе... и тоа не ви е доста... е, па тогаш, дами и господа, што ќе кажете ако ви кажам дека тука некаде има една сестра која никогаш не спие, и ве чека со еден мал апарат, ама каков апарат, апарат во кој се комбинирани најдобрите карактеристики на апчето за смирување и на електричниот стол, тоа модерно чудо е толку добро што една средба со него и вие сте веќе друг човек. И се разбира, не на последно место, еден фин господин кој ќе ве избриче на суво, фина индивидуа/карикатура полна со себе малку налик на петел, ама не каков и да е петел, ова ви е петел-шампион. Уште не ми верувате, дојдете и видете, местово е права Лудница. И сите ние сме луди, луди, ние како сме луди... така...

Од Управата

Автор: Дејл Васерман / Кен Киси
Режија: Ристо Алексовски
Превод: Марија Димовска
Сценографија и костимографија: Ѓорѓе Јовановиќ
Mузика: Милан Димушевски
Aсистент на режија: Емилија Спасова

Играат:
Мекмaрфи - Сашо Тасевски
Сестра Речид - Емилија Мицевска
Сестра Флин - Соња Стамболџиоска
Хардинг - Благој Чоревски
Чизвик - Диме Илиев
Били - Златко Митрески
Мартини - Ѓорги Тодоровски
Бромден - Ненад Нацев
Д-Р Спиви - Игор Ангелов
Ворен - Предраг Павловски
Вилијамс - Игор Георгиев
Кенди Стар - Мелита Софрониоска
Сандра - Александра Павлова

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Toн - мајстор: Димитар Илиоски
Светло - мајстор: Дејан Блажевски

Премиера: 22.12.2017 г.