Additional Info

  • Календар во претстава:
    Мај
    П В С Ч П С Н
    27 28 29 30 1 2 3
    4 5 6 7 8 9 10
    11 12 13 14 15 16 17
    18 19 20 21 22 23 24
    25 26 27 28 29 30 31

Вера Љубов Надеж

од Едeн фон Хорват
Режија: Лука Кортина (Италија)

Мал танц на смртта во пет слики
Оваа театарска игра е создадена во соработка со Лукас Кристл

Во февруари 1932 година, за време на моето патување во Минхен сретнав еден познајник по име Лукас Кристл кој од пред неколку години работи како известувач од судниците. Во таа прилика, тој ми го кажа следново: јас (Кристл) не можам да разберам зошто драматурзите, имено кога тие драматурзи кои драматуршки ги обработуваат фактите и последиците од некој прекршок, речиси секогаш претпочитаат да пишуваат за така наречените капитални прекршоци кои релативно поретко се случуваат и зошто овие драматурзи речиси никогаш не се занимаваат со малите прекршоци со кои насекаде низ земјава се среќаваме илјадапати почесто и чиишто факти најчесто се засноваат на незнаење, а последиците и покрај тоа, речиси се исто толку често многу слични, односно се изркуваат казни како доживотен затвор и губење на граѓанските права, па дури и смртна казна.
Кристл ми раскажа за еден случај од неговата пракса. Од тој секојдневен случај произлезе малиот танц на смртта Вера љубов надеж. Кристл лично ги познавал личностите Елизабета, полицаецот (Алфонс Клостермаер) , сопругата на на советникот во основниот суд и вишиот инспектор . Чувствувам потреба на ова место да му изразам благодарност за неговата подготвеност да ги сподели со мене неговите материјали и сознанија и што ми даваше по некој поттик.
Намерата на Кристл беше да се напише дрмски текст против бирократски неодговорната примена на малите параграфи, се разбира, знаејќи дека секогаш ќе има мали параграфи затоа што во секоја пристојна социјална задница секогаш мора да ги има. Конечно, Кристл негуваше надеж дека оние мали параграфи можеби (проштевајте за грубиот збор) би можело да се применуваат похумано.
А сето ова беше и моја намера, впрочем и мене ми беше јасно дека ова „против малите параграфи“ претставува само материјал за уште еднаш да може да се покаже гигантската борба помеѓу поединецот и општството, тие вечни битки при што не доаѓа до мир, туку во најдобар случај, поединецот за миг добива илузија дека ужива во примирје.
Како и кај сите мои драмски дела, така и во овој мал танц на смртта, се потрудив да не заборавам дека оваа безнадежна борба на поединецот се заснова на ѕверски инстинкти и дека херојскиот и кукавички начин на борба треба се набљудува само како форма на проблемот на бестијалноста која, како што е познато ниту е добра, ниту е лоша.
Како и во сите мои драмски дела, и овој пат не прикажав ништо разубавено ниту нагрдено. Оној кој внимателно се обидува да нè претстави нас, луѓето, несомнено би морал ( во случај да не ги запознал луѓето индиректно) да утврди дека нивните изразувања на чувствата претставуваат кич, што значи дека се изопачени, тривијални и на мазохистички начин имаат одвратност кога станува збор за сочувство, што најверојатно се должи на присутноста на некаков егоистичен комфор. Значи, оној кој чесно се обидува да ги претстави луѓето, секогаш ќе може да претставува само одрази во огледалото , а на ова место би сакал да си дозволам да го нагласам следново: никогаш не сум создал, а нема ни да создавам карикатурни одрази во огледалото, бидејќи отфрлам сé што е поврзано со пародијата.
Како и во сите мои драмски дела, и овојпат се обидов да се определам колку што е можно побезобѕирно против глупоста и лагата, бидејќи оваа безобѕирност би требала да претставува најблагодарна задача на еден писател-естет кој понекогаш си замислува дека треба да пишува само за да можат луѓето да се запознаат самите себе. Запознај се самиот себе! За да ја почувствуваш радоста која ќе ти ја олесни борбата со животот и смртта, токму кога чесноста не те поставува над тебе (затоа што тоa би било вообразба) туку покрај тебе и под тебе, така што не можеш да се набљудуваш одозгора, туку однапред, одназад, одстрана и оддолу.
Секое мое драмско дело може да има наслов Вера љубов надеж. И секое мое драмско дело би можело како мото да го содржи следниов цитат од Библијата:
„И Господ го почувствува мирисот пријатен, па рече: Нема повеќе да ја проколнувам Земата поради луѓето, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини; и нема повeќе да ги уништувам живите суштества што ги создадов
Отсега па се дури постои земјата нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите„.*

- Еден фон Хорват

Биографија на Еден фон Хорват

1901 – Во Сушак во предградието на Риека роден е Еден фон Хорват, како прв син на дипломатот др. Едмонд Јосеф фон Хорват и Марија Хермине. Заради природата на работата на неговиот татко, но подоцна и заради природата на неговата професија и неговите политичките ставови, Хорват го минува животот во чести преселби и живее во Риека, Белград, Будимпешта, Братислава, Виена, Минхен, Цирих, Брисел, Париз...
1919 – Во Виена посетува приватна гимназија и истата година се запишува на студии во Школата на Лудвиг Максимилијан во Минхен. Посетува предавања по филозофија, германистика и театрологија.
1930 – Го завршува романот Вечниот малограѓанин ( Der ewige Spieser ).
1931: Премиерна изведба на драмата Приказни од Виенската шума (Geschichten aus dem Wiener Wald) во Берлин, доживува успех, а Хорват станува значаен и почитуван член во берлинските театарски кругови.
1933: Под притисок на националсоцијалистичката партија неговата драма Вера љубов надеж ( Glaube Liebe Hoffnung) во Deutsches Theater Berlin не ја доживува премиерната изведба, додека истовремено се одложени сите планирани претстави на неговите драми во германските театри.
1936: Праизведбата на Вера љубов надеж се одигрува во Виена во Theater fur 49 am Schottentor но под наслов Љубов, должност и надеж.
1937 – Го издава романот Младина без бог (Die Jugend ohne Gott) и постигнува меѓународен успех. Голем број на европски издавачки куќи ги бараат правата за превод на романот. Истата година го довршува и романот Дете на нашето време (Ein Kind unserer Zeit).
1938: Пристигнува во Париз на преговори за филмска адапација на роман Младина без Бог. Потоа планира да замине за Америка.
Во споредна уличка во близина на Champs – Elysees преку пат на Theatrea Marigny, на него паѓа гранка од дрво и го усмртува. Во неговите џебови се пронајдени кутија цигари на која се испишани стихови, пакетче со порнографски фотографии и првата страница од скицата за романот со наслов Adieu Europa, каде првата реченица е: „ Еден писател патува за Америка...“

 

Кон претставата „Вера, љубов, надеж“

“Вера, љубов, надеж” е приказната на младата жена Елизабета, која ја живее етиката на своите принципи против еден свет кој се правда со закони. Етиката пред правниот систем. “Вера, љубов, надеж” е тоа што ги прави луѓето луѓе, во еден свет каде што нема ни вера, ни љубов, ни надеж. Приказната е за сите оние што мислат дека односите помеѓу луѓето се градат исклучиво заради корист и за секој од нас кој во одреден момент изгубил верба. Приказната е за Елизабета, вид во исчезнување, како што сме и сите ние кои се занимаваме со театарската уметност. Сите ние кои се бориме да докажеме дека театарот има незаменлива општествена улога во негувањето на критичката мисла. Приказната е и за мене и моите дванаесет години поминати во Македонија, во кои никој не поверува дека сум дојден заради искрената верба во театарот.

Лука Кортина

 

Биографија за Лука Кортина

Лука Кортина (06.08.1979, Фиренца, Италија)
Студира средновековна книжевност и театар на Универзитетот во Фиренца , подоцна дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности Скопје во класата на проф. Слободан Унковски (2012). По дипломрањето, како асистент режисер, соработува со режисерите Паоло Маџели и Александар Поповски.
Како режисер остварува соработка со: Metastasio Theatre и Teatro Fabbricone во Прато, Италија; Театар „У Моста“ Перм, Русија; Црногорско Народно Позориште; Сарајевско позориште младих, Сараево; Италијанска драма ХНК Риека; НУ Турски театар Скопје; НУ Албански театар Скопје; НУЦК „Трајко Прокопиев“-Театар Куманово.
Режисер на претставите: Аквариум (2012); Духот на слободата (2012), Господинот перница (2013); Живот под кирија (2013); Хамлет од село Мрдуша Доња (2014 и 2017); Војникот фалбаџија (2014); Гаќи (2015); Рибарски караници (2016).
Награди: Награда за најдобра режија и најдобар ансамбл на „ 1st Martin McDоnagh Festival “, Перм , Русија (2013).
Наслов на оригиналот:
Ödön von Horváth
Glaube Liebe Hoffnung

Лица:
Наталија Теодосиева: Елизабета
Филип Трајковиќ: Полицаец (Алфонс Клостермаер)
Благој Чоревски: Виш препаратор
Димитрија Доксевски: Препаратор
Анастас Тановски: Вицепрепаратор
Игор Ангелов: Баронот со траурен флор
Сања Арсовска: Ирена Прантл
Ирена Ристиќ: Госпоѓата сопруга на судијата
Зоран Љутков: Судијата
Емилија Мицевска: Инвалид: Работничка
Соња Стамболџиоска
Лазе Манасковски: Сметководител
Јана Стојановска: Марија
Златко Митрески: Кримполицаец
Дениз Абдула: Втор полицаец
Кристијан Светиев: Јоахим, безумно смелиот спасител

Превод: Слободанка Поповска
Режија: Лука Кортина (Италија)
Драматург: Викторија Рангелова Петровска
Сценограф: Мери Батакоја
Костимограф: Марија Пупучевска
Асистент на костимограф: Никола Глигоров
Композитор: Љупчо Константинов
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Тон мајстор: Саше Ѓорѓиев
Дизајн на светло: Звездан Миљкович
Светло мајстор: Митко Ризов