Репертоар

Events Calendar

Фирма
Сабота, 23 Март 2024, 20:00

 

Фото за веб

(Според Push up 1-3 од Роналд Шимелфенинг)

Режија: Нела Витошевиќ

Драматургија: Викторија Рангелова - Петровска

Улоги: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Стефан Вујисиќ

 

Информации и продажба на билети: 076/434343

купи билет

 

Сценографија: Константин Трпеноски, mvv.design
Костимографија: Розе Трајчевска - Ристоска
Избор на музика: Нела Витошевиќ

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Роланд Шимелфениг е еден од најплодните, најуспешни и најпреведувани германски автори. Поради тематската актуелност „Фирма“ (Push Up 1-3) авторот храбро прави вивисекција на капиталистичкото општество и последиците што доаѓаат како резултат од така поставениот систем. Тој во преден план ја истакнува бескрупулозната борба на индивидуата која се стреми да се искачи на врвот на хиерархиската пирамида, како и проблемот на осаменоста и отуѓеноста кои се рефлексија на таквото капиталистичко уредување. Целото дејство се случува во ИТ-корпорација. Во тоа „застрашувачко“ опкружување карактерите се натпреваруваат меѓусебно за повисока позиција во фирмата. Механизмите да се стигне до врвот се бескрупулозни, карактерите се служат со вербална манипулација и лицемерие за да го зграбат она што го посакуваат. Посветени да ги добијат овие битки, тие остануваат без социјален живот, затворени во нивните големи празни станови, асоцијативни за нивната духовна и социјална празнина.  
Март
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи