На 16-ти јули во Домот на културата во Охрид, публиката ја очекува жестока и современа премиера на Хамлет. На македонската театарска сцена ова класично дело од Шекспир последен пат било поставено пред 15-тина години.
Неколкумина од актерите од Драмски и буквално ќе се соголат на сцената. Новиот македонски Хамлет, улога која се смета за врвот во кариерата на еден глумец, е Дејан Лилиќ.
„Треба да се собере сила и да се каже ставот, да се каже емоцијата и на крајот на краиштата да се покаже една генерација. Мојот Хамлет е всушност шест милијарди луѓе на планетава Земја“, вели Дејан Лилиќ.
Драмскиот театар на годинешниве Театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп настапи со претставата „Жената како воено поле“ од Матеј Висниек во режија на Владлен Александров. Во главните улоги настапија актерките Ирена Ристиќ и Билјана Драгичевиќ Пројковска. За успешниот настап во улогата на Кејт, Билјана Драгичевиќ Пројковска ја доби престижната Награда за најдобра женска улога, со што се даде уште едно признание на квалитетниот актерски потенцијал на Театарот.
Почитувана публико,
Ве известуваме дека терминот за претставата „Баханалии“ од Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот е променет, па наместо на 2 Јуни, ќе се изведе на 01 Јуни со почеток во 22.00 часот.
Со почит,
Драмски театар - Скопје