Комеморација за Горан Стефановски, понеделник (10.12) во 12:00 часот

НУ Драмски театар Скопје на ден 10.12.2018 година (понеделник), во 12:00 часот ќе одржи комеморација за Горан Стефановски. Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје,  обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Р. Македонија.

Од вчерашната проекција на „Диво месо“...

Следната проекција е на претставата „Дупло дно“ (1984) од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски, утревечер (3.11) со почеток во 19:00 часот во малата сала на Драмскиот театар.

Фестен (Петок, 7ми Декември)

Во семејството Хансен, родендените се слават онака како што налага данската традиција: бучно, свечено и помпезно. Особено што Хансенови се едно од највлијателните и најбогати семејства во Данска. До толку повеќе што таткото Хелге, го прославува 60. роденден. Јубилеен.

Проекција на претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски

Вечерва (3.12) проекција на претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски (1984) во режија на Слободан Унковски со почеток во 19:00 часот во малата сала на Драмскиот театар.

Воведен збор ќе има д-р Мишел Павловски.

Влезот е слободен.

Проекција на претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски

Како што најавивме #Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек делата на нашиот Горан Стефановски.

Во сабота (1.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Диво месо“ (1979) oд Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски воведен збор и модератор на настанот ќе има м-р Александра Бошковска.

Подготовки за комеморацијата за големиот Горан Стефановски

Почитувани,

Сакаме да и’ соопштиме на јавноста дека Драмски театар Скопје, во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски. Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија.

Септември
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Следни претстави

Чудесна терапија
23 Септември 2021
Кармен
24 Септември 2021
Партија реми
25 Септември 2021