“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Умри машки
Автор:   Алдо Николај
Режија:   Коле Ангеловски
Сценографија:   Коле Ангеловски
Костимографија:   Коле Ангеловски
Музика:   Андреј Белјан, кореографија Кренаре Невзати - Кери
Улоги:   Бранко ЃорчевЈелена ЖугиќДраган Спасов
КГ:  
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

Претставата “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Изведбата помина извонредно што е видно и од одгласот во критиките. 

... Предводени од вистинскиот мајстор за режирање на комедиски остварувања-Коле Ангеловски, тие напати од нешто доста скромно во драматуршки поглед создаваат нешто навистина мошне пријатно, убаво, допадливо, свежо...

... Драган Спасов, актер со префинет вкус и мера, кој во последниве неколку сезони направи серија одлични актерски улоги, го открива својот богат актерски талент. Вистинско уживање беше да се следи неговата креација како Бруно. Кај овој актер најмногу импонира тоа што не подлегнува на искушенијата на рутината и што неговата комика дејствува во природните граници.

... Втората машка улога - Марио, во толкување на Бранко Ѓорчев, доаѓа до израз постепено. Ликот на Ѓорчев пулсира мошне динамично и комплексно...

... Единствената женска улога - Ева, и беше доверена на младата Јелена Жугиќ. Таа беше и најголемото и најпријатното изненадување. Таа остави впечаток со сигурниот инстинкт во пронаоѓањето вистински актерски средства. Со еден збор играше многу темпераментно, сигурно и непосредно...

                                                                               Иван Ивановски


... Одбраната актерска тројка: Искусните Драган Спасов и Бранко Ѓорчев и младата во ликот на Ева одличната  Јелена Жугиќ, низ целиот тек на дејствието постојано ги надоградуваат и онака цврсто поставените ликови...

                                                                               Лилјана Мазова

... Ова актерско трио брилираше во буквална смисла на зборот, создавајќи една многу пријатна атмосфера, што ја разгали публиката а во која режисерот Ангеловски одлично го изврши својот дел од работата..

                                                                               Тодор Кузманов

Претставата се одигра повеќе од педесет пати. Поради големиот интерес и барање од публиката 2008 година претставата повторно е ставена на репертоарот на  Театарот.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios