"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Сон на летната ноќ
Автор:   Вилијам Шекспир
Режија:   Коле Ангеловски
Сценографија:   Илина Ангеловска
Костимографија:   Елена Дончева, изработка на кукли: Зоран Новковски, Кирил Василев
Музика:   Димитрије Бужаровски, кореографија: Кренаре Невзати - Кери,
Улоги:   Рубенс МуратовскиГордана ЕндровскаЃорѓи ТодоровскиЗоран ЉутковТрајанка ИлиеваДиме ИлиевЈелена ЖугиќКалина НаумовскаВладимир АнгеловскиЛазе МанасковскиЃокица ЛукаревскиАнастас ТановскиГоце Тодоровски
КГ:   Мики Анчевски, Сања Арсовска, Ивана Здравкова, Симона Јовчевска, Оливера Ѓоргоска
Инспициент:   Мугрен Елениски
Суфлер:   Жаклина Ѓоргиевска
Осветител:   Кире Бубулевски
Тонмајстор:   Чедомир Младеновски
     
   

Шескспировата комедија „Сон на летната ноќ“ е, сигурно, една од најмногу играните комедии на театарските сцени ширум светот, снимана на филм и телевизија, волшебен текст за љубовта, магијата и опојниот мирис на летната ноќ. За да се постави еден ваков текст, кој инаку и кај нас е многу игран, мора да се има голема причина, интересна идеја, повод што ќе предизвика интерес не само кај гледачите туку и кај самите учесници, кои мора до крај да се втурнат и да дадат сè од себе за да го отсонуваат овој сон.

Шекспир приказната ја тера на три нивоа: љубовници, вили и вилењаци во шумата и мајсторите. Скоро во сите претстави што сум ги гледал мајсторите биле добри и тоа е некако вообичаена практика. Волшебниот свет од шумата, во зависност од имагинацијата на режисерот, но често и од финансиите, бил помалку или повеќе интересен. Ретко сум видел добри љубовници, но кога биле добри, претставата била фантастична.

И тука лежи основната идеја и мотивот зошто би ја правел оваа претстава. Во љубовниците. Тие се моторот и главаната движечка сила на приказната.

Дејствието во мојата претстава би се случувало денес, (а љубовта е безвремена) започнува на свадбата на кнезот (некој денешен богаташ), во неговата летна резиденција, поканети се елитни гости, маскенбал

(можност за атрактивни костими), весело, раскалашено, многу музика, алкохол и по некоја тревка... топло е, еротски е, започнуваат кавги, закани и младите бегаат во шумата.

А таму, поттикнат  нешто од алкохолот, нешто од тревките, ги дочекува халуцинантниот свет. Оберон и Титанија, кралот и кралицата на шумата, добриот дух Задрогаз, вили и вилењаци, потоа мајсторите кои сакаат да прават своја фолк-опера, љубовниците се распаметени, но на крајот како што прилега, се завршува во една ода на љубовта и радоста.

 

Коле Ангеловски

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios