“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Пиратите од горно маало
Автор:   Владимир Јованоски
Режија:   Владимир Јованоски
Сценографија:  
Костимографија:  
Музика:  
Улоги:  
КГ:  
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

„Љубов е кога на некој ќе му ветиш, дека цел живот ќе му го посветиш.“ Оваа реченица е главната идеа на новата комедија - мјузикл за деца -„Пиратите од горно маало - враќање на сенките“ .Таа е продолжение на една од најуспешните и најизведувани претстави за деца на Летечката театарска трупа. Кога во 2007 година беше прикажана премиерата на „Пиратите на Горно Маало“ заедно со репризите и гостувањата во други театри, околу 4000 гледачи ја погледнаа претставата, а нејзините реплики долго време одѕвонуваа низ сеќавањата на безброј деца.

Дејствието не води на островот Горно Маало, каде пиратите со тага во срцето се сеќаваат на славните пиратски денови и некогашната моќ пред десет години. Времето оставило длабока трага врз карактерите на старата пиратската дружина и додека новиот капетан Стравосек се обидува да ги поттикне пиратите на враќање на некогашните возбудливи пиратски мигови, пиратите меѓу себе запаѓаат во безброј комични сцени со дијалози кои ќе ја насмеат публиката. Доаѓањето на господарот на сенките, Сенкомрак, со своите верни помошници го најавува заплетот на приказната. Тие ќе им помогнат на пиратите за последен пат да се обидат повторно да го заслужат своето име заминувајќи во кралството Огреана земја, сакајќи да се збогатат и повторно да запловат по морињата. Во меѓувреме во кралството се одвива вистинска драма, кога кралот Тврдимир решава да го жени својот син принц Јаков, не дозволувајќи му притоа тој да ја земе слугинката Малина во која младиот принц Јаков е вљубен. И како што се наближува кралскиот бал под маски каде што на сцената ќе продефилираат многу комични и чудни ликови од сите краеви на целиот свет, пиратите ќе се обидат да го остварат својот злобен план. Но, судбината има други планови...

Претставата  изобилува со оригинални костими, со богата музичка илустрација и поучни фрази и пораки кон публиката. Театарската трупа е една од ретките составена исклучиво од деца и работи со редовен репертоар повеќе од десет години и има изиграно повеќе од 200 репризи на своите 17 претстави.

   Награди:

-Специјална Награда за детска представа “Пиратите од Горно Маало“2008-Фестивал ДАФ

-Специјално Признание за представата “Еден за сите, сите за никаде“-2009-Фестивал ДАФ

-Награда за најдобра театарска представа за деца за представата “Магионичарот“-2011-Фестивал ДАФ

-Награда за севкупна театарска игра за предстата “Отпишани“-2014- Фестивал ДАФ 

 

Времетраење: 60 мин.

Актерска екипа: 31

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios