“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

       
Зоран Љутков

 

 

 

Зоран Љутков, роден 1.10.1977 година во Велес. Дипломира на Факултетот за Драмски Уметности– Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2001 година во класата на Прод. Владимир Милчин, а од 2002 година е запишан на постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот за уметности - Белград, Југославија. Од 2006 година е вработен како актер во Драмски театар Скопје. Уште во текот на студиите учествува како актер во претстави во театарот во Велес и во други театри во државата. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски институции во државата. Учествува во неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ проекти.





 

 

 

 

Поважни театарски улоги:

Миле поштарот - Грев или шприцер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011

Баал - БААЛ, од Бертолт Брехт, р. Мартин Кочовски, ДТС 2011

Клит - Александар, текст и режија Љубиша Георгиевски, ДТС 2009

 Јаков – Вазна од порцелан, од Југослав Петровски, р. Благојче Божиновски, Н.Т. Велес, 1999
Патенталија – Патенталија и Тентелина, од Русомир Богдановски, р. Стојан Стојановски, Н.Т.Велес, 1999
Спасе – Македонска крвава свадба, од Војдан Чернодрински, р. Стојан Стојаноски, Н.Т. Велес,
1999
Момчето – Плутос, од Аростофан, р. Петроц Панамас, Н.Т. Велес, 1999

Комедија на суетата, од Елиас Канети, р. Џорџо Пресбургер, Мителфест Чивидале, Италија
Ланселот – Змејот, од Евгениј Шварц, р. Александар Ивановски, Н.Т. Велес, 2000
Келнерот – Земјомерот, од Николај Колјада, р. Владимир Милчин, ДТС, 2000
Данил Хармс – Случајот Д.Х., Според поезијата на Данил Хармс, р. Владимир Милчин, ДТС, 2000
Гласник – Ојдип, р. Стојан Стојановски, Н.Т. Велес, 2000
Војдан Чернодрински – Духот, според текстови на Војдан Чернодрински и Горан Стефановски, р. Кирил Петрески, Н.Т. Прилеп, 2000
Еден од ликовите – Балканот не е мртов, од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001
Борис Карнаухов – Аудиција, од Александар Галин, р. Владимир Милчин, ФДУ – Скопје, дипломска работа, 2001
Петар Верхеновски – Демони, од Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ
Неколку ликови – Синдром Чернодрински, од Горан Стефановски, р. Деан Дамјановски, Нова сцена Скопје, 2001
Ромео – Ромео и Јулија, од Вилијам Шекспир, р. Зоја Бузалковска, Н.Т.Куманово, 2002
Момчето – СУД, од Коле Чашуле, р. Владимир Талевски, Н.Т. Куманово, 2002
Неколку ликови – Стрип Шекспир, од Џес Боргесон, Адам Лонг и Даниел Сингер, р. Коле Ангеловски, Н.Т. Велес, 2002

Пратеникот – Лизистрата, од Аристофан, р. Љупчо Георгиевски, Н.Т.Велес, 2002
Еден од ликовите – Комши Капиџик, од Сема Али, р. Иван Јерчиќ, Но Нејм Театар, 2002
Клиентот – Во самотијата на памучните полиња, од Бернар Мари Колтес, р. Деан Дамјановски, Н.Т. Велес, 2003
Сиљан Љиљаков – Колку шати ќе умираме, според романот на Петре М. Андреевски, р. Владимир Милчин, Н.Т. Битола, 2003
Трималхион – Сатирикон (Големата гозба), според романот на Гај Петрониј Арбитер, р. Кирил Петрески, Н.Т. Прилеп, 2003
Докторот – Полковникот, драматизација на Миле Атанасов, р. Јордан Витанов, Н.Т. Велес, 2004
Буребездно – Балада за големиот костур, од Мипел Де Гелдерод, р. Владимир Милчин, Н.Т. Прилеп, 2004
Костја – Четвртата сестра, од Јануш Гловацки, р. Александар Ивановски, Н.Т. Велес, 2004
Јоце (Хамлет) – Хамлет од Долногаштани – од Иво Бречан, р. Мето Јовановски, ДТС, 2005
Кен – Жив чоек, од Горан Стефановски, р. Деан Дамјановски, ДТС, 2005
Бералд – Вообразен болен, од Молиер, р. Благојче Божиновски, Н.Т. Велес, 2005
Панајот – Железното пиле, од Благоја Ристески Платнар, р. Јордан Витанов, Н.Т. Велес, 2006
Дон Жуан – Дон Жуан, од Молиер, р. Деан Дамјановски, Н.Т. Велес, 2006
Хлестаков – Ревизор, од Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006
Хамлет – Хамлет, според Шекспир, р. Васил Зафирчев
Херострат – Да се заборави Херострат, од Григориј Горин, р. Зоја Бузалковска
Комшилук наопаку, од Нина Митровиќ, р. Ненне Делместре, ДТС, 2007

Кандид во земјата на чудата од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС

Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009

Филмски улоги:

Турчин – Прашина, р. Милчо Манчевски, History Dreams Ltd., 2001
Крстоносец – Тајната книга, р. Владо Цветановски,
Министерство за култура на Р. Македонија, 2002
Мирче – Резервни делови, р. Дамјан Козоле,
Emotionfilm, Ljubljana, 2003
Филип – Контакт, р. Сергеј Станојковски, Сектор Филм, 2004
Мирче – Караула, р. Рајко Грлиќ, Сектор Филм, 2005
Славко – Коски, р. Милчо Манчевски, Сенка Филм, 2006

ТВ Филм:

Мустафа – Последниот валцер, р. Младен Крстевски, Јаки Вел & МКРТВ, 2000
Томи – Заведени, р. Слободан Деспотовски, Совет за радиодифузија, 2002
Режисерот – Приказна за љубовта и свршувањето, р. Александар Русјаков, ФДУ – Скопје, 2003
Сашко – Сашко и Сашка, р. Драган Вељановски,
BOX N0 2, 2005/6
Александар – 9 степени, р. Томи Алексов, Совет за радиодифузија, 2006
Крсто – Транзициони мерки, р. Драган Вељановски,
City star, 2006

Награди:

2002 год. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ за ликовите во претставата „Синдром Чернодрински“ на 37 Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински„ – Прилеп
2005 год. Награда од публика за улогата на Момчето Лисистрата на фестивалот „Стоби“ - Стоби

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios