“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

       
Билјана Беличанец - Алексиќ

 

1245675961_Belicanec.pngБилјана Беличанец Алексиќ, родена 25.07.1973 во Скопје. 1994 година дипломира како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и истата година се вработува во Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. 1997 година се вработува во Драмски Театар Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. 

 

Во нејзината дејност како актер се истакнуваат улогите во претставите „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“, „Албена“, „Медеја“, „Ќелавата пејачка“, „Пинокио“, „Елешник“, „Свадбата на Фигаро“, „Арлекин слига на двајца господари“, „Платонов“, „Мефисто“, „Домот на Бернанда Алба“, „Кандид во земјата на чудата“, „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Жив човек“, „Демонот од Дебар Маало“, „Македонски Рулет“, „Комшилук наопаку“, „МКС“, „Црна Дупка“, „Сомнително лице“, „Заводникот од западниот свет“, „Балкански шпион“, „Словенскиот ковчег“, „Фернхад и Ширин“, „Хомоеректус“, „Како се станува цар“, „Што е тоа што ги тера жените да трчаат по улиците на Мадрид“, „Жив чоек„ и други. Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 год., награда за главна женска улога во 2009 на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“, и прогласувана е за најпопуларна глумица за 1997, 2000, 2007 и 2011 година. Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios